Македонија
(Интервју) Нано Ружин: Војната во Украина нема да трае повеќе од еден месец
Путин е непредвидлив човек и, според светските аналитичари, никој не знае што точно сака и каде ќе застане по инвазијата на Русија врз Украина, вели поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин.
Според Ружин, и кај двете страни во руско-украинскиот конфликт постои желба за договор.
„Со ваквиот чекор Путин за сите времиња ги прекинува врските со Киев, ги обедини НАТО и ЕУ и ја обедини украинската нација“, вели Ружин.
Додава дека во овој момент не постои можност рускиот претседател да се одлучи да нападне земја членка на НАТО.
„Западот премногу го изолира Путин и пропушти да направи модерна Русија, го остави сам со своите размислувања во Кремљ“, вели во интервјуто поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерот Љутков на доделувањето на „Ability awards“: Уметноста може да ја надмине секоја пречка
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер присуствуваше на првото издание на манифестацијата „Ability awards“, каде што на реномираната пијанистка Ема Ананиевска ѝ ја врачи наградата за култура и уметност.
Љутков упати честитки до Ананиевска, која е дипломирана пијанистка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, истакнувајќи дека нејзиниот придонес во македонската музичка култура е бесценет, а нејзиното музицирање покажува дека уметноста може да ја надмине секоја пречка.
„Бескрајно ѝ благодарам за нејзиниот придонес во македонската музичка култура и ѝ посакувам да продолжи вака успешно да создава, да биде голем афирматор и промотор на македонската култура“, рече Љутков, кој упати и честитка по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
„Министерството за култура и туризам продолжува да работи на зголемување на застапеноста на лицата со посебни потреби во областа на културата. Наша заложба е лицата со посебни потреби да се вклучат во општествениот и културниот живот и со дарбата или талентот што ги поседуваат, да станат учесници во градењето на културното живеење на нашата држава“, истакна Љутков, кој ги поздрави заложбите на Здружението „Абилитис нет“ (Abilities Net) за организацијата на овој настан, апелирајќи до сите здруженија на граѓани и во иднина да аплицираат на конкурсите на Министерството за да се обезбеди поголема застапеност на културни содржини за овие лица.
„Министерството за култура и туризам и институциите од областа на културата се отворени за соработка и за иницијативи, со една заедничка цел – да го унапредиме културното живеење на лицата со попреченост, да градиме заеднички вредности, да градиме општество на еднаквост“, рече тој.
На манифестацијата „Ability awards“, што се одржа во хотелот „Хилтон“, организаторот додели награди во 10 различни категории на 10 поединци и 10 компании кои постигнале најголем успех во светот на инклузијата, изгласани од страна на публиката.
Македонија
Филипче е марионета на Заев во СДС, не нуди ништо ново на политичката сцена туку континуитет на погубните политики, предавства, афери и скандали, според ВМРО-ДПМНЕ
Во СДС ништо не се менува, Филипче и новите кадри се продолжена рака на Заев. Филипче е лојален на Заев, ги поддржува и е дел од сите предавства, скандали и криминали на претходното раководство, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од криминалите кои тој ги правел во РЕК Битола, ЕСМ и предавствата со Бугарија. Филипче не се откажува од Заев и старите политики и афери како издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци, како и од рекетот и криминалот во фирмите кои ги правеле. Филипче не се откажува од Заев затоа што тој верно го следи Заев и сака да биде како Заев. Филипче е бледа копија на Заев. Заев е тој што раководи со СДС од далечина, додека се рашетува по Дубаи и светот со парите спечалени на грбот на македонскиот народ. Филипче и тимот на СДС не нудат ништо ново на политичката сцена. Дека тимот на Филипче не е ништо поразличен и е континуитет со политиките на Заев знаат и членовите на СДС, а тоа се гледа и во кадровската криза и проблемите во екипирањето“, истакнуваат од партијата на власт.
Во раководството на СДС на важни позиции, според ВМРО-ДПМНЕ има личности кои што немаат ниту ден партиски стаж и коишто се јавно непознати, но се верни слуги на Филипче и Заев.
„Нема јака опозиција си вакви репрезенти кои се континуитет на погубните политики на Заев“, додаваат од партијата.
Македонија
На земјиштето позади Поликлиниката Битпазар, поставил рампа и наплаќал паркинг: Обвинителството поднесе обвинение
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.
Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.