Македонија
Села: Османи да сноси одговорност што не ги предупреди граѓаните за рускиот напад на Украина

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, побара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да сноси одговорност што не ги предупредил граѓаните за рускиот напад на Украина.
„Мислам дека Северна Македонија како земја членка на НАТО треба да има информации, ако имаа точни информации, тогаш треба да имаме и одговорности. Десетици семејства, деца и мајки, родители, граѓани и државјани на Северна Македонија ги оставивте во Украина, а сега во време на војна да се обидувате да создадете коридори за излез од кризните огништа. Ако овој министер знаел сè, тогаш треба да преземе одговорност за секое семејство што е денес таму“, порача Села.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат во САД, обвини Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес, истакна дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл.
-Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН, претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано, рече тој.
Филипче го опиша ова како симболична, но многу сериозна потврда за тоа каде се наоѓа денеска државата на меѓународната сцена. Според него, Македонија од земја што беше призната и поддржана од клучните стратешки партнери, денес е држава што единствено добива внимание на маргините, без реално политичко влијание, без сериозни разговори и без почит.
-Се сѐ сведува на правење селфија со некои дипломати по ходниците на големите светски институции, рече Филипче, додавајќи дека патот кон НАТО и ЕУ не бил лесен и не бил без политичка цена, но дека тој пат вредел и бил правилен.
Во продолжение од обраќањето, Филипче истакна дека разликата меѓу поранешната и сегашната власт е токму во тоа што СДСМ секогаш го ставала интересот на државата пред партиските калкулации.
-И сега тоа е само еден дополнителен поттик да се бориме и да им кажеме на граѓаните дека нашите политики беа добри, беа во интерес на државата, на граѓаните, не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО, рече лидерот на СДСМ.
Филипче посочи дека со оваа актуелна власт европскиот пат е запрен, институционално и суштински, потенцирајќи дека оваа влада не сака да го продолжи европскиот пат.
Како што нагласи, недостасуваат лидерство, храброст и визија за иднината на државата, а власта бега од тешките одлуки и ги сведува сите надворешни ангажмани на површна слика за јавноста без реална содржина.
Македонија
Со порака дека хероите живеат вечно откриена беше спомен бистата на полицаецот кој загина во дискотеката „Пулс“

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“ на 16 март. Во дворот на Полициската станица во Пробиштип во присуство на семејството на загинатиот полицаец Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев началници од СВР-Штип беше откриен спомен бистата на полицаецото Тоше Тодоровски кој на 16 март беше на службена должност и загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека споменот ќе остане за полицаецот Тоше Тодоровски од Пробиштип, којшто трагично загина.
-Тоше беше човек, којшто лично немав чест да го запознаам, но од она коешто го говорите сето она, од она што го говорат сите коишто лично го познаваат Тоше е голем човек и бил многу голем човек додека бил меѓу нас, а на жалост Господ-Бог најдобрите ги зема најрано, колку што може, рече Тошковски.
Мартин Ефремов претседателот на Независниот синдикат на полицијата истакна дека со денешниот настан одаваат почит на загинатиот Тоше Тодоровски, а на неговиот татко Винко му порача дека пред шест месеци изгуби син, но какошто рече доби илијадници синови, ќерки, браќа и сестри во униформа, кои секојпат ќе бидат со него и семејството на Тоше.
-Нека оваа биста не потсети дека секој еден од нас можеше да биде на местото на Тоше, исто како и секој еден од нас можеше да биде на местото на било кој еден од осомничените преживеани колеги на трагедијата, коишто денеска по насоки на Јавното обвинителството се без плати, без придонеси и на работ на егзистенција. Колеги на којшто очајно им треба нашата помош, вели Ефремов.
На спомен бистата букети цвеќе положија семејството на Тоше Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Тошковски директорот на БЈБ, Јанев, полициски службеници и началници од СВР-Штип.
Македонија
Општина Аеродром од 29 септември почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Општина Аеродром од 29 септември почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до средината на ноември.
Како што наведуваат од Општината, во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени големи контејнери во кои граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.
Акцијата ќе почне од населба Мичурин каде што в понеделник и во вторник, 29 и 30 септември, садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица. Потоа, в среда и во четврток, 1 и 2 октомври, жителите на Острово, својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.
Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до средината на ноември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на страницата на општината aerodrom.gov.mk, каде што е објавен планот со точните датуми и локации.