Црна хроника
Претрес во Лисиче, пронајдени украдени предмети, приведен крадец
Скопјанец продавал украдени предмети на интернет. Тој денеска е приведен и во службен разговор со полицијата го признал делото.
При претрес на домот на М.Б. (33) на подрачјето на Лисиче, извршен по добиена наредба од кривичен суд Скопје, пронајдени се поголем број предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба, извршена во периодот од 5 до 28.2.2022 во деловен субјект лоциран на подрачјето на Илинден.
Тој е приведен во полициска станица и при извршениот службен разговор го признал делото и појаснил дека украдените производи ги нудел на продажба преку социјалните мрежи. По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
31-годишен велешанец тешко повреден: со возилото излетал од патот
Утрово во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К (31) од Велес, излетало од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото.
Црна хроника
Товарно возило излета од патот во Тетовско: тешко повреден маж од Србија
Во СВР Тетово вчера во 18.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Мотоцикл удрил во паркирано возило на „Партизанска“
Синоќа во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.