Македонија
Регистрирани 318 новозаразени со коронавирус, пријавени се 13 починати лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 166, Битола – 24, Велес и Прилеп – по 18, Кичево – 14, Куманово – 12, Кавадраци и Охрид – по 10, Ресен – 9, Гостивар – 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Крива Палнака, Богданци и Демир Хисар – по 2, Штип, Струмица, Струга, Валандово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (318), регистрирани се 43 реинфекции.
Регистрирани сe 468 оздравени пациенти од: Скопје – 268, Куманово – 24, Велес – 22, Прилеп – 21, Кавадарци – 20, Битола – 18, Тетово – 16, Ресен – 11, Кичево и Гевгелија – по 10, Охрид, Гостивар и Штип – по 6, Неготино и Струга – по 5, Струмица – 4, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Виница и Кратово – по 2, Богданци, Демир Хисар, Берово, Макендонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица од: три починати лица од Скопје (73г, 84г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (67г), Охрид(68г), Штип(71г) и Кавадарци (56г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Гевгелија(2), Струга(1), Неготино(1), Прилеп (1) и Велес (1).
Починатите лица се на возраст од 58г. до 85г. Лицата се починати во период од 11.02. до 05.03.2022. Од пријавените починати лица, 2 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови. Сите починати лица (13), се со регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.358 тестови преку: ИЈЗ-273, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-51, Биотек-60, Систина-45, лабораторија Лаор-59, Синлаб-10, Ремедика-13, Плодност-23, Генеа-10, Никоб Лаб-157, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-14, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–15, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.125.
Досега во земјата се направени вкупно 1.915.369 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.714, бројот на оздравени пациенти е 289.532, на починати е 9.117 а бројот на активни случаи изнесува 2.065.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 140429, Активни 1148
Куманово 16352, Активни 90
Битола 14411, Активни 125
Прилеп 13719, Активни 121
Тетово 13372, Активни 63
Кавадарци 10237, Активни 71
Велес 9560, Активни 94
Гостивар 9477, Активни 32
Охрид 8558, Активни 41
Штип 7927, Активни 19
Струмица 7921, Активни 13
Кичево 5473, Активни 41
Кочани 4993, Активни 15
Струга 4659, Активни 14
Гевгелија 4294, Активни 25
Неготино 3626, Активни 16
Ресен 2628, Активни 37
Свети Николе 2606, Активни 4
Радовиш 2487, Активни 12
Крива Паланка 2388, Активни 13
Делчево 1900, Активни 0
Дебар 1654, Активни 14
Берово 1631, Активни 4
Валандово 1462, Активни 5
Виница 1355, Активни 7
Пробиштип 1258, Активни 3
Богданци 1009, Активни 6
Кратово 943, Активни 8
Крушево 910, Активни 3
Демир Хисар 818, Активни 10
Македонски Брод 732, Активни 3
Демир Капија 583, Активни 5
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што по децении неизвесност конечно ќе го донесе модерниот семеен парк за забава што го заслужува Скопје, информираат од Град Скопје.
Со започнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот, додаваат од таму, влегува во нова фаза на урбана трансформација која ќе понуди современи атракции, целосна пристапност и нови содржини за сите генерации.
„По долги години оддолговлекувања и лажни ветувања, денес започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.
По децении изминати во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, место за игра, радост и незаборавни моменти, конечно започнуваме со реализација на проект што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град.
Пред нас е изградба на ултра модерен Луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди.
Ќе создадеме простор исполнет со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и целосно ново ниво на урбана забава. Посебно внимание посветуваме на пристапноста.
Луна паркот ќе биде комплетно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош“.
Ккако што најавува скопскиот градоначалник на просторот од 84.000 квадратни метри ќе никне место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.
„Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити ќе создадат уникатна атмосфера која ќе го збогати туристичкиот имиџ на Скопје.
Почитувани скопјани, како што ветив – најдоброто доаѓа!
Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток, на едно модерно, гордо и достоинствено Скопје“.
Македонија
Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, соопшти Фетаи
Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, со што се потврдува дека е во целосна согласност со европските стандарди и демократските вредности, информираат од кабинетот на заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, во врска со Законот за соодветна и правична застапеност.
Со овој закон, додаваат во соопштението, ќе се обезбеди квалитетна рамнотежа меѓу системот на заслуги и почитувањето на професионалните стандарди, од една страна, и принципот на правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, од друга страна.
„Законот овозможува правична вклученост во вработувањето во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, без да се наруши квалитетот и професионализмот.
Изјаснувањето на етничката припадност е целосно доброволно и не предизвикува никакви негативни последици врз остварувањето на правата на граѓаните, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права и недискриминација. Паралелно со доброволното изјаснување за етничката припадност, законот предвидува и материјални докази од личните карти и други официјални јавни документи, со цел да се спречат можните злоупотреби на само идентификацијата“.
Со ова законско решение, како што појаснуваат од кабинетото на Фетаи се зајакнува институционалниот интегритет, инклузивноста и довербата на граѓаните во системот, преку планирано и деполитизирано управување и примена на европските стандарди за добро владеење.
Делегацијата беше предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, придружуван од професорите по уставно право Тања Каракамишева Јовановска и Јетон Шасивари.
Македонија
Резолуција во Собрание за забрана на прифаќање мигранти – опозицијата ги повика ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја поддржат
Опозицијата се обединува против, како што беше наведено, тајните договори на Владата предводена од ДПМНЕ за прифаќање мигранти, соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче информираше дека на неговата покана се одѕвале претставници на сите партии од опозициската коалиција, со кои разговарале за, како што оцени, сериозноста на состојбата поврзана со договор за мигранти со Велика Британија. Според него, сите учесници се согласиле дека ваквиот модел претставува голема опасност за државата.
„Гледаме дека првите мигранти веќе пристигнуваат во Косово и во Албанија. Огромна е опасноста Македонија да биде вовлечена во ваков процес“, изјави Филипче, додавајќи дека опозицијата дала поддршка на предлог-резолуцијата за прекинување на процесот за примање мигранти.
Тој нагласи дека резолуцијата не е партиска, туку државничка и граѓанска иницијатива, која треба јасно да гарантира дека во Северна Македонија нема да се прифаќаат мигранти како резултат на тајни договори, разговори или условени кредити. Филипче ги повика ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски јавно да се изјаснат и заеднички да ја потпишат и изгласаат резолуцијата во Собранието.
На крајот, тој најави дека политичко-општествената акција ќе продолжи и ќе се проширува со претставници на граѓанскиот сектор, младите, синдикатите и студентите, со цел, како што рече, одбрана на државата, демократијата и безбедноста на граѓаните.

