Економија
Бектеши: Лебот, маслото и брашното ќе се продаваат по набавна цена
Лебот, маслото и брашното тип 400 од денеска се продаваат без профитна маржа во маркетите, информираше на денешниот брифинг со претставници од медиумите министерот за економија Крешник Бектеши.
Според министерот Бектеши со последната Одлука која по предлог на Министерството за економија ја усвои Владата на вчерашната седница е предвидена профитна маржа за продажба на големо од 4%, а за продажба на мало 3% на следните произвоиди: леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло); брашно од пченица– тип 400; шеќер бел конзумен; трајно крвјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо; сувомеснати производи – Салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив; сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо; урда кравја; македонски ориз бел; -јајца од кокошка и шпагети и макарони од мека и друга пченица.
Во продажната цена на трговијата на големо и трговијата на мало се вклучени сите производствени и оперативни трошоци кои јасно ќе бидат искажани при формирањето на продажната цена за овие производи. А овошјето и зеленчукот, пченицата и солта се изземени од одлуката со која се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи.
Министерот Бектеши истакна дека приоритет на државата во вакви случаи , односно руска инвазија на Украина е одржување на животниот стандард на граѓаните.
„Приоритет на секоја земја но и на Северна Македонија во вакви случаи е одржување на животниот стандард на граѓаните. Затоа, ги повикувам сите пратенички групи во Собранието на Северна Македонија дека не е време за политика, туку во рекордно време да се соберат и да се одобрат измените на законот за данокот на додадена вредност и акцизата, бидејќи секое чекање или пролонгирање на усвојувањето од истите закони ќе се заснова на формирање на цени само од цените кои се моментално на светските берзи, вклучително и нафтените деривати, цената на пченицата и пченката и истовремено сончогледовото масло каде што е глобално познато како најголем производител не само на европскиот континент, но и на глобално ниво е Република Украина. Затоа утре, врз основа на можностите на Собранието и процедурите, очекуваме дека токму овие закони ќе бидат одобрени со што веднаш ќе започне имплементацијата на истите и веднаш ќе се почувствува ефектот и влијанието од овие измени во форма на нови цени, било да се тоа цени на храна или на нафтени деривати“, кажа Бектеши.
Најави и дека ќе се ревидираат договорите на големите трговци, главно со трговците на мало кои се однесуваат на договори за купопродажба, каде се дадени дополнителни податоци кои вештачки можат да влијаат на зголемување или поскапување од страна на производителите, за оние прехранбени производи кои се увезуваат во нашата земја. Како што рече министерот Бектеши, истите договори ќе бидат укинати и нема да важат до 31 мај.
Исто така согласно одлуката нема да се пресметува и одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови, односно полици.
Министерот Бектеши информираше и дека на вчерашната седница на Владата на предлог на Министерството за економија е донесена и времена мерка за забранет извоз на масло за јадење со цел да се заштити домашниот пазар.
„Забраната е донесена со цел да се стабилизираат цените на пазарот, а таа е започната од вчера од 19:00 часот“ кажа Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

