Црна хроника
Добил ќотек од татко и син, по што пукал во нивната куќа
Прилепчанец синоќа со пушка стрелал во куќата на татко и син, од кои што претходно во текот на денот бил удрен во пределот на десното око при физичка пресметка.
Тој ги погодил стаклата на куќата, во која што имало осум лица, од кои четири малолетни, но никој не е повреден.Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот, а според првичните информации, наведеното лице ја поседувало пушката без дозвола. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти од Сирија
Денеска во 01.15 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(25) од Република Турција. При преглед во возилото „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница
На 25.11.2024 во 12.00 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Н.Ќ.(34) од гостиварско Ѓурѓевиште, кој бил баран по потерница за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, уапсени четири лица
Вчера вечер во 20.40 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 43-годишниот С.А., 22-годишниот С.М. и 26-годишниот У.К., тројцата од Кочани и 37-годишниот И.С. од Пробиштип, извести МВР.
При претрес во домот на С.А. во Кочани, во кој биле затекнати и С.М., У.К. и И.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.
С.М., У.К. и И.С. биле затекнати при користење хероин и притоа, исто така со судска наредба, бил извршен претрес на У.К. и била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Одземената дрога била дадена на вештачење, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.