Спорт
Кошмарна ноќ за Џејмс Харден, Стеф Кари стигна до 20.000 поени во кариерата
Два натпревари се одиграа синоќа во најсилната кошаркарска лига во светот. Голден Стејт вориорс беше домаќин на Денвер Нагетс и победи со 113:102, а Бруклин нетс славеа со убедливи 129:100 против Филаделфија во првата пресметка со пребегнатата ѕвезда Џејмс Харден.
Драматична завршница имаше натпреварот во Денвер, во кој Вориорси победија со серија од 13:0. На влезот во последните две минути резултатот беше 102:102, потоа Стеф Кари погоди за предност, а Џордан Пул врза две тројки во последната минута.
Кари го заврши натпреварот со 34 поени и девет скока, Пул помогна од клупата со 21 поен, пет скока и седум асистенции, а Џонатан Куминга и Клеј Томпсон додадоа 18 за победничкиот тим. Ова беше натпревар во кој Стеф Кари со карактеристична тројка од голема далечина стигна до бројката од 20.000 поени. Тој стана 49. играч во историјата на НБА-лигата со толку многу поени.
Навивачите на Филаделфија пред натпреварот со свирежи ја пречекаа поранешната ѕвезда на клубот Бен Симонс, но тоа беше сè што можеа да направат бидејќи тој не играше на првиот дуел против екстимот. Играчот кој замина во спротивна насока во таа размена беше Џејмс Харден, а не се прослави против поранешните соиграчи. Бруклин нетс победи со убедливи 129:100.
Бруклин нетс брзо дојдоа до предност што не ја загубија до крајот на мечот поради одличниот настап на Кевин Дурент (25 поени, 14 скокови, седум асистенции), Кајри Ирвинг (22 поени, пет асистенции) и поранешниот играч Сет Кари кој со шут (10/14) уфрли 24 поени.
Џоел Ембид со 27 поени и 12 скока беше првото име на Филаделфија на која ѝнедостигаше вистинскиот Харден. Тој постигна 11 поени со шест скока и пет асистенции во ноќ со многу промашувања. Тој шутираше со катастрофален ефект на прецизност (3/17).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

