Македонија
„Никоб лаб“ со промотивна цена за рано откривање на канцер на дебелото црево
Месец Март е Европскиот месец за подигнување на свесноста за колоректалниот карцином и токму заради тоа „Никоб лаб“ се вклучува во кампањата за превенција и негово рано дијагностицирање.
Колоректалниот карцином е малигнитет на дебелото црево и / или ректумот. Овој вид карцином на дебелото црево е третиот најчест дијагностициран рак кај мажите и кај жените во САД, но доколку навремено се дијагностицира и превенира успешно се третира.
Во Европа секоја година на околу 440.000 луѓе им е дијагностициран овој тип на канцер и пола од нив најверојатно би имале фатален исход по животот.
Промоцијата вклучува онколошки преглед – дебело црево: CEA, CA 19-9, CRP, Se со промотивна цена од 1500 денари, во текот на целиот месец Март.
Контакт информации:
Телефонски број: 02 / 274 – 1000,
Email: [email protected]
Локација: Ул. Борис Трајковски бр. 62
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Малолетници нападнале врсник во автобус на ЈСП
Малолетник синоќа бил нападнат од двајца други малолетници во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
„На 21 септември во 19.40 часот во СВР Скопје, П.Н. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП на подрачје на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.
Македонија
Без струја утре делови од општина Кисела Вода
Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.
Македонија
Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади.
Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка која, како што се нагласува, е се поважна за човековиот опстанок, но е тешко да се постигне во атмосфера на недоверба, користејќи застарени структури кои повеќе не ги одразуваат денешните политички и економски реалности.
Во фокусот на Нацрт-пактот се човековите права, родот и одржливиот развој во сите поглавја. Содржи поглавја за одржлив развој и финансирање за развој, меѓународен мир и безбедност, наука, технологија и иновации и дигитална соработка, младите и идните генерации и трансформирање на глобалното владеење. Меѓудругото, се бара земјите членки да се согласат и за реформи што се однесуваат на Советот за безбедност, но тоа најверојатно нема да се случи.
На Самитот треба да бидат усвоени и Декларација за идните генерации и Глобален Дигитален договор.