Контакт

Вести

Обама: Русија е ‘нација што ништо не произведува’, Западот мора да е поцврст кон Кина

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама во интервју за магазинот The Economist го минимизираше значењето на Русија, велејќи дека тоа е нација којашто „ништо не произведува“ и истакна дека Западот мора да биде „многу цврст“ кон Кина во период кога Пекинг настојува да го прошири своето влијание во светската економија.

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Барак Обама сака да го задржи фокусот на американската надворешна политика на Азија како одговор на јакнењето на кинеската економска и воена моќ. Меѓутоа, последните години во тоа го попречуваат другите светски кризи, вклучително и украинската за којашто ја обвинува Русија. Русија е третиот најголем производител на нафта и втор произведувач на природен гас во светот. Европа значително зависи од увозот на рускиот гас, што го компликува одговорот на Западот за украинската криза. Обама настојува да го намали влијанието на Русија во светот, а за рускиот претседател Владимир Путин вели дека е челник кој поради моментални политички поени предизвикува краткорочни проблеми кои долгорочно ќе ѝ наштетат на Русија.„Мислам дека е важно да се задржи перспективата. Русија ништо не произведува. Имигрантите не трчаат во Русија во потрага по подобар живот. Очекуваната животна возраст на мажите во Русија е 60 години. Населението е во опаѓање“, тврди Обама.Натаму во интервјуто за The Economist, американскиот претседател вели дека „не се чувствува разочаран“ од природата на сегашните односи со Русија, одговарајќи на прашањето за неговата идеја од 2009 година да ги „ресетира“ односите со Русија и натаму да ги развива билатералните односи. „Не се чувствувам разочаран. Имавме многу продуктивни односи со (поранешниот) претседател (Дмитриј) Медведев. Направивме многу, што требаше да се направи“, убеден е американскиот претседател. Притоа Обама ја опишува Русија како „Јанус со двете лица“, „гледајќи истовремено и на Запад и на Исток“. Говорејќи за Путин, Обама признава дека на кус рок рускиот претседател „може да ужива политичка популарност дома и да предизвикува сериозна загриженост во странство“, Сепак, смета дека Путин „претставува силен фактор на напнатост“ кој „во долгорочна перспектива може да биде опасен за Русија“. Обама се осврнува во интервјуто и на моменталната ситуација во Русија, допирајќи теми како што се животниот стандард и проблемите на регионалната безбедност, Американскиот претседател тврди дека Русија „претставува регионален предизвик“ кон кој САД „се одлучни решително да реагираат“. „Мораме да бидеме сигурно дека тие предизвици нема да доведат до остра ескалација на тензиите“ и „нуклеарното оружје нема одново да стане предмет на дискусија во меѓународната политика“, вели Обама.Обама минатата седмица изјави дека САД регистрирале дека Русија го крши договорот за нуклеарните ракети од кус и среден дострел од 1998 година со кој треба да се елиминираат крстосувачките балистички ракети кои се лансираат од земја. Москва веднаш одговори дека токму Вашингтон со постројките за вакви лансирни рампи во Полска и во Романија на границите со Русија го прекршува споменатиот договор. Американскиот претседател тензиите во односите со Кина ги карактеризира како „надминливи“ Кина е во територијални спорови со соседите во Јужнокинеското Море кое е богато со нафтени наоѓалишта, а со САД има недоразбирања во врска со прашањата како што се заштитата на интелектуалната сопственост или кибернетичкото шпионирање. „Една работа сакам да кажам за Кина, а тоа дека со нив морате да бидете многу цврсти, бидејќи ќе ги буткаат работите до крај, сѐ додека не се соочат со отпор. Тие немаат сентимент и не ги интересира апстракцијата. И затоа повикувањето на меѓународните прописи не е доволно“, истакнува Обама. Вели и дека трговските спорови ќе се смират кога Кина „ќе престане да биде глобална фабрика на евтини производи“, а нејзините компании ќе започнат да произведуваат поскапи производи коишто бараат заштита на интелектуалната сопственост. „Мора да постои механизам кој ќе биде остар кон нив кога сметаме дека ги прекршуваат меѓународните прописи, а од друга страна ќе им ги покаже потенцијалните долгорочни ползи“, истакнува Обама./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија18 минути

Жители на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите, жители на четири улици кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет1 час

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет1 час

Првпат по 60 години, Русите не можат да испратат астронаути во вселената

Рампа на космодромот Бајконур во Казахстан беше оштетена за време на лансирањето на ракетата „Сојуз МС-28“ кон Меѓународната вселенска станица...

Свет1 час

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од Третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет11 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија15 часа

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија18 часа

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија19 часа

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија19 часа

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион22 часа

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион23 часа

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ24 часа

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет24 часа

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет1 ден

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет1 ден

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет1 ден

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет1 ден

Хамас побара евакуација на своите борци што останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија2 дена

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија2 дена

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...