Забава
(Видео) „Ворнер Брос“ ги менува датумите на премиери на „Блек Адам“, „Флеш“, „Аквамен“ и други
Фановите на DC треба да се подготват.
„Ворнер Брос“ објави голем број одложувања и промени за повеќе филмови, вклучувајќи го и многу очекуваниот филм „Блек Адам“ со Двејн Џонсон, „Флеш“, „Лига на супер миленичиња“, и продолженијата на „Аквамен“ и „Шазам“.
„Блек Адам“ е одложен од јули за 21 октомври, а „ДС Лига на супер-миленичиња“ е одложен од мај за 29 јули.
„Аквмен 2“ наместо во декември, ќе има премиера на 17 март следната година, и „Флеш“ ќе дебитира во ноември, а беше планиран за јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Колдплеј“ имаат нов член на екипата: објавија симптично видео со маче на турнејата
На турнејата „Колдплеј“ ги придружува нов четириножен член на бендот – нивната мачка.
Бендот објави на „Инстаграм“ како изгледа еден концертен ден за нивниот миленик, раскажувајќи од нејзина перспектива.
„Го започнувам денот со поздравување на екипата. Имаме четири концерти во градот и сакам да се уверам дека сè е совршено. Гитарите на Џони се подготвени. Ја проверувам сцената и се уверувам дека се е подготвено за бендот. Понекогаш сите сакаат да ме галат, „но јас имам работа и не губам време“, се вели во видеото.
View this post on Instagram
Забава
Хороскопските знаци кои се подготвени за голем деловен успех во 2025 година
Секоја нова година со себе носи можности за личен и професионален раст. За оние кои се подготвени да ги препознаат своите можности и смело да ги искористат, деловниот успех може да биде неизбежен. Клучот лежи во комбинацијата на планирање, одлучност и подготвеност да се прилагодат на промените. Во продолжение ви откриваме кои хороскопски знаци може да очекуваат голем успех во бизнисот оваа година.
Овен
За Овенот оваа година ќе биде исполнета со неверојатни деловни идеи и енергија да ги оствари. Нивната природна храброст и подготвеност да преземаат ризици ќе им овозможат да ги искористат можностите што другите можеби нема да ги забележат. За Овенот ова е година на проширување и нови соработки.
Близнаци
Близнаците ќе ја искористат својата дарба за комуникација за да воспостават важни партнерства и да ја прошират својата мрежа на контакти. Нивната приспособливост и иновативност ќе им донесе можности за напредок, особено во индустриите поврзани со технологијата, медиумите или маркетингот.
Лав
Лавовите ќе добијат признание за напорите што ги вложија во претходните години. Нивната упорност и решителност ќе бидат наградени преку понуди за работа, унапредувања или значајни проекти кои ќе им овозможат да ги покажат своите лидерски вештини.
Вага
Вагите оваа година ќе најдат баланс помеѓу креативноста и деловната стратегија, што ќе им овозможи да успеат во уметнички или социјално ориентирани проекти. Нивната способност да формираат сојузи и да преговараат е клучна за постигнување големи цели.
Јарец
Јарците, познати по својата работна етика, оваа година ќе ги постигнат долгоочекуваните цели. Нивната година ќе биде обележана со стабилност и сигурност, а фокусираноста на амбициите ќе им донесе професионален успех.
Забава
Стивен Џерард ќе стане дедо
Англискиот фудбалски тренер и поранешен фудбалер Стивен Џерард (44) ќе стане дедо. Неговата ќерка Лили-Ела (20) го чека своето прво дете со момчето Ли Бирн.
Таа среќната вест ја потврди на Инстаграм.
„Нашата мала тајна. Најдобри вести. Нашето малечко е на пат“, напиша таа прикачувајќи фотографија од позитивен тест за бременост, фотографија од ултразвук и бебешки чевли. Таа додаде розово и сино срце во описот на фотографијата.
„Едвај чекаме! Одлични вести, честитки! Те сакаме“, напиша гордиот Стивен во коментарите под објавата. Се надоврза и мајката на Лили, Алекс, која напиша дека едвај чека да пристигне нејзиниот внук.
Стивен и Алекс се во брак од 2007 година, а освен Лили, имаат уште три деца – ќерките Лекси (18) и Лурд (13) и синот Лио (8).
Стивен е запаметен како еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња. Моментално е тренер на саудискиот клуб Етифак ФК.