Македонија
(Видео) Кузеска: Мицкоски да поднесе оставка по сите признанија и судски одлуки за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Признанијата на вина пред судовите на функционери од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ се недвосмилена потврда како оваа партија ја злоупотребила власта и дејствувала како злосторничко здружение, истакна на денешната прес-конфренеција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Проговорија како биле искористени сите начини, средства, како биле злоупотребени институцииите, не за да им се помогне на граѓаните, не за да се решат проблемите, само и само од коруптивни причини, за лично богатење. Министерот за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиевски, пред судот призна дека криминална била набавката на 200 кинески автобуси во Скопје, случај во кој се злоупотребени 5 милиони евра. Мотивот бил коруптивен и ништо друго. Пред неколку дена имаше уште едно признание за вина во случајот ‘Титаник’ од страна на Гордана Јанкуловска, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на Груевски и исто така генерален секретар“, истакна Кузеска.
Според неа со години била газена волјата на граѓаните и нивното изборно право, уценувале, местеле, злоупотребувале.
„Тројца генерални секетари на ВМРО-ДПМНЕ се вмешани во овој случај. Високата функционерка на ВМРО ДПМНЕ Елизабета Чингаровски исто така призна вина за незаконското финансирање на партијата, случај познат како ‘Талир’. Самоиницијативно, за виновни пред судот се изјаснија и советници од ВМРО-ДПМНЕ (Лазаров, Ристевски) но и многу други обвинети. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска, нереформирана партија“, додаде таа.
Оценува дека во Извршниот комитет и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ седат обвинети во овие и други случаи, како Јанушев, Милошоски, Мисајловски, и други.
„Во време кога се случувал овој криминал од огромни размери, кога заробената држава создавала режим за богатење на поединци, Христијан Мицкоски бил советник на Никола Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа до денеска, во ниту една изјава Христијан Мицкоски се нема оградено од криминалот на режимот, од криминалот на неговата ВМРО-ДПМНЕ. Напротив.Христијан Мицкоски треба да се огради, да побара одговорност од сите и да поднесе оставка“, потенцира портпаролката на СДСМ.
Според неа не може политичар кој води нереформирана, заробена партија да понуди ништо друго за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена, соопшти АМСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од денеска до 11 април во официјална посета на Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)