Македонија
(Видео) Ивановски: 7 евра за метар квадратен на ултра атрактивна локација во општина Центар
Денешново излагање е продолжение на вчерашната прес-конференција каде што обелоденивме за продажба на ултра атрактивна локација во општина Центар по цена од неверојатни само 7 евра. Оваа продажба се разбира ја изврши власта предводена од СДСМ, истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе ги повторам наводите коишто вчера ги изнесовме, се продава ултра атрактивно земјиште, градежно земјиште во општина Центар за само 7 евра на локација којашто е атрактивна и каде што цената од квадрат достигнува и до 2.000 евра за м2. На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката каде што цената е 2.000 евра по квадрат. Да направиме едноставна математика, 15 ката по 2.000 евра добиваме 30.000 евра за м2, а притоа продажна цена е само 7 евра. Значи седум евра овдека за земја би биле околу 30.000 евра изградени горе во деловен простор. А Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Општина Центар одобруваат продажба од само 7 евра за м2“, потсети Ивановски.
„Да поедноставам прво имаме дивоградба, таа дивоградба се легализира, потоа дооформување на земјиште и речиси без пари ја добивате ултра атрактивното градежно земјиште. Тоа се случи, а тоа го овозможи СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз во вчерашна изјава се повикуваше на тоа дека законите биле донесени од претходната влада, дека биле стари и така натака, и тоа е одговор што го очекувавме ние и затоа ќе ги потсетиме на нивните изборни ветувања коишто ги направија во 2020 година“, додаде Ивановски.
Истакна дека петта година СДСМ се на власт и ако сметале, како што рече, дека законските решенија не се соодветни, не се добри, а вчера се произнесоа дека не биле соодветни, можеле да извршат измени на законите и да доведат до нивно подобрување. Според него, пет години тие не го сториле тоа.
„Ние не гледаме како 15-катници ја унапредуваат животната средина и природата, а околу транспарентноста, можеме да ги запрашаме жителите овде на Капиштец дали барем еден од нив знаел дека во неговото маало ќе му никне 15-катница и истата инвеститорот ја платил за 7 евра за м2. Граѓаните се соочуваат со драстични поскапувања на станбениот простор во Скопје, и додека цената на квадратот пораснува за 20, 25% пораст и надминуваат над 1.500 евра за квадрат, СДСМ продава градежно земјиште за багателни 7 евра. Тоа е неправеден однос кон граѓаните, но не е ништо неочекувано поради тоа што СДСМ е на влас“, кажа Ивановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

