Црна хроника
Приведени крадци, расчистени над 100 тешки кражби на подрачјето на Прилеп и Битола

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Отсекот за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.А(33),Ф.Е(40),Д.К(19) и Џ.А(30) сите од Прилеп, осомничени дека сториле кривични дела тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик.
Пријавените од декември 2021 година до март 2022 извршиле 32 тешки кражби во куќи, цркви, колонијални продавници, трафостаници на подрачјето на Прилеп и селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци, Лопатица, Вранче, Заполжани и Стровија, при што насилно ги отварале со подесен алат и одземале разни бакарни предмети, покуќнина, рачен алат, кабли, гуми, електрични апарати, пари.
На подрачјето на Битола во период од 2021 до март 2022 година тројца од осомничените С.А(33), Ф.Е(40), Д.К(19) извршиле 62 тешки кражби во куќи во руралните средини, како селата Новаци, Агларци, Ношпал, Добрушево, Вашарејца, Мусинци, Путурус, Мојно, Рибарци, Ротино, Кажани, Црнеец, Ѓавато, Горно Српци, Црнобуки, Логоварди, Беранци, при што одземале разни алати, апарати, гуми и покуќнина.
Од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Отсекот за општ криминал Битола преземени се повеќе оперативно тактички мерки, при што пронајдени се и одземени дел од предметите, додека се преземаат дејствија за пронаоѓање и на останатите предмети. Притоа осомничените се лишени од слобода, истите ги признале извршените кражби и од судија на претходна постапка од Основниот суд одредена им е мерка притвор.
Дополнително се преземаат мерки и активности со цел обезбедување нови докази и сознанија во насока на проширување на кривичната пријава и откривање на нови дела и сторители, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.