Контакт

Спорт

„Франс фудбал“ ги смени правилата за „Златната топка“

Објавено пред

„Франс фудбал“ ги потврди промените на повеќе правила при доделувањето на најелитното индивидуално достигнување во фудбалот „Златната топка“, која сега ќе се доделува во однос на една фудбалска сезона наместо по календарска година.

dobivaj vesti na viber

„Балон д’ор“ традиционално се доделуваше на најдобриот фудбалер во 12-месечен период земајќи ги предвид перформансите од јануари до декември, но сега ќе се гледа една сезона, почнувајќи од 2011/2022, која ќе заврши со женското Европско првенство, кое ќе се оддржи од 6 јуни до 31 јули. Во исто време, Светското првенство, кое ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември, ќе биде вклучено во наградата за 2023 година.

Главната причина за оваа промена е што досега се сметаа две полусезони – од јануари до јули и од август до декември, и сега подобро ќе може да се оцени кој имал подобра сезона.

Меѓу другите промени се зголемувањето на бројот на номинации за наградата – кај мажите тоа ќе го направат новинарите од „Лекип“ и „Франс фудбал“, како и тие од амбасадорот на наградата, Дидие Дрогба.

Од друга страна, ќе се намали бројот на оние што гласаат, со претставници само од топ-100 нации на ФИФА ранкинг-листата (топ-50 кај жените).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Објавено пред

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот почнува во 18 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Објавено пред

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.

dobivaj vesti na viber

Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.

Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.

Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.

Прикажи повеќе...

Спорт

Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Објавено пред

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.

dobivaj vesti na viber

Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.

Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.

Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија3 часа

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија4 часа

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...

Македонија6 часа

Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу...

Македонија7 часа

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Македонија7 часа

Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски...

Регион8 часа

Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116. Лидерот на Социјалистичката...

Европа20 часа

Зеленски: Идејата за демилитаризирана зона е мртва

Зборувајќи на прес-конференција во Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата за воспоставување демилитаризирана зона во војната со Русија....

Европа20 часа

Путин: Ќе размислам

Владимир Путин ќе го „разгледа“ западниот предлог за целосно и безусловно примирје во Украина, откако Велика Британија, САД и европските...

Македонија24 часа

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје: со метален капак од шахта повеќе пати го удирал оштетениот во глава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил...

Европа1 ден

Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа...

Европа1 ден

Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа...

Европа1 ден

Туск: Чекаме да видиме како ќе реагира Русија

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека одлуката за прогласување примирје од Киев е симболична, бидејќи станува збор за град кој...

Европа1 ден

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник; Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора...

Македонија1 ден

(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел...

Топ1 ден

Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината...

Македонија1 ден

СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и...

Свет1 ден

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа1 ден

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...