Спорт
Адеми, Седлоски и Несторовски, меѓу најдобрите странци во историјата на ХНЛ

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, некогашниот фудбалер на Хајдук Сплит и на Динамо Загреб, Гоце Седлоски, кој сега е тренер на Шкупи, и Илија Несторовски кој го носеше дресот на Интер Запрешиќ, а сега член на Удинезе, се вброени меѓу најдобрите странци во историјата на првенството на Хрватска (ХНЛ).
Од првите натпревари во 1992 година, па до денеска, низ првенството на Хрватска поминале играчи од дури 84 странски земји, меѓу нив и Македонија со дури 55 фудбалери.
Аријан Адеми е претставен како странец, со оглед дека е македонски репрезентативец иако е роден во Шибеник. Тој во 2010 година прејде од Шибеник во Динамо и оттогаш освои 10 шампионски титули, шест Купа и три Суперкупа, иако беше суспендиран на две години поради допинг, кој подоцна се докажа дека го земал ненамерно. Една сезона мина на позајмица во Локомотива, а во ХНЛ досега забележа околу 250 настапи и постигна 17 голови.
Изреката „Дојдов, видов, победив“ во случајот на Илија Несторовски во Хрватска е преобразена во „Дојдов, ја одиграв сезоната, станав најдобар стрелец и се продадов во Италија“. Тој помина три сезони во Интер Запрешиќ, но првите две во втората лига, и остави неверојатен впечаток, па една сезон во ХНЛ му беше доволна за да обезбеди трансфер во италијанскиот Палермо.
Тој стана првиот играч со 25 гола во сезоната на ХНЛ по Едуардо да Силва, кој постави рекорд од 34 гола, девет години претходно.
Македонскиот стопер Гоце Седлоски пристигна во Хајдук Сплит летото 1996 година и одигра одлична сезона пред трансферот во англискиот клуб Шефилд Венсдеј, но го шокираше сплитскиот тим со враќањето во Хрватска само половина година подоцна, кога го засили најголемиот хрватски ривал.
Во Динамо, освен една полусезона во Јапонија, помина седум години и освои три шампионски титули, три Купа и два Суперкупа. Во ХНЛ одигра вкупно 182 натпревари и постигна 24 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Билд: Менаџерот Мендеш не дозволил трансфер на Јамал во Баерн

Ламин Јамал е еден од најдобрите фудбалери на денешницата со само 18 години, а германскиот весник „Билд“ открива дека Шпанецот можел да заврши во редовите на Баерн.
Не во овој, па дури ни во претходниот преоден рок.
Германскиот весник „Блид“, открива дека Баерн ѝ испратил на Барселона понуда од пет милиони евра за тогаш 14-годишен Јамал. Сè било блиску до договор, но сепак, интервенирала трета страна. Таа година, Јамал добил нов агент во лицето на Жорж Мендеш, еден од највлијателните менаџери во светот на фудбалот.
Во тој момент, Мендеш го убедил да остане во Барселона и договорот пропаднал.
За потсетување во тоа време, Барселона се наоѓаше во тешка финансиска ситуација и трансферот сигурно ќе се случел доколку не се вклучил менаџерот Мендеш.
Спорт
(Видео) Роналдо официјално прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња во Португалија

Кристијано Роналдо е икона на светскиот фудбал, има соборено бројни рекорди во клупскиот и репрезентативниот фудбал, но вчера доби награда која особено ќе му биде драга, бидејќи доаѓа од неговата родна Португалија. Португалската лига го прогласи Кристијано Роналдо за „најдобар играч на сите времиња“ на гала вечерата.
Во објаснувањето накратко се наведува дека „тој е неопходна фигура во спортот и идол на милиони“ (ако не и милијарди луѓе), како и „дека тој одбележа ера што остава неизбришлив белег во светскиот фудбал“.
„Познат по својата работна етика, натпреварувачки дух и решителност во клучните моменти, влијанието на Кристијано Роналдо оди многу подалеку од неговата статистика. Помеѓу индивидуалните рекорди, тимските трофеи и медиумското влијание, тој изгради наследство кое го става на пиедестал – најдобриот на сите времиња“, се додава во објаснувањето на наградата.
Поради обврските во својот клуб, капитенот на Ал Наср не можеше да биде присутен на церемонијата, на присутните им се обрати преку видео порака:
„Благодарен сум на сите мои соиграчи кои во текот на мојата кариера ми помогнаа да го освојам, за мене, овој важен трофеј. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите тренери и други кои ми помогнаа на ова патување да станувам сè подобар и подобар.“
Se o 𝐆𝐎𝐀𝐓 fala, nós escutamos 🐐
A mensagem 💬 de Cristiano Ronaldo após ser premiado no 𝐋𝐢𝐠𝐚 𝐏𝐨𝐫𝐭𝐮𝐠𝐚𝐥 𝐀𝐰𝐚𝐫𝐝𝐬 🏆 pic.twitter.com/gdwEQEObYD
— Liga Portugal (@ligaportugal) September 10, 2025
Роналдо е светски рекордер по број на настапи и голови за Португалија. Во Унгарија го одигра својот 223-ти натпревар и го постигна својот 141-ви гол. Од Андориња, преку Насионал, Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус до Ал Наср, одигра 1065 натпревари со 802 гола во клубот, освои 31 трофеј, вклучувајќи три за Португалија и над 60 индивидуални награди.
Единствено што недостасува е титулата светски шампион, а последниот обид на 40-годишниот ас ќе биде на Светското првенство во 2026 година.
Foto/ EPA
Спорт
CIES: Кои тимови ќе бидат шампиони во Англија, Италија, Шпанија…?

Ако треба да се верува на статистиката, Ливерпул ќе ја брани титулата во Премиер лигата, Баерн повторно нема да има конкуренција во Бундеслигата, додека Серија А и Ла Лига ќе добијат нови шампиони.
Ова се проценки на фудбалски експерти од Меѓународниот центар за спортски студии (CIES). Истражувачка група од швајцарскиот град Нојшател ги објави резултатите од статистички модел кој ја предвидува веројатноста за освојување на шампионската титула за клубовите во 29 различни лиги низ целиот свет.
Интересно е што вечи статистиката за петте најсилни национални првенства во Европа.
Ливерпул ќе ја одбрани титулата во Премиер лигата, Баерн Минхен повторно нема да има конкуренција во Бундеслигата, исто како Пари Сен Жермен во Франција, додека Серија А и Ла Лига ќе добијат нови шампиони – Интер и Реал Мадрид.
Погледнете ги комплетните листи и коефициенти на сите тимови во најсилните пет национални шампионати во Европа: