Свет
Мишел Мартин: Околу 5.500 украински бегалци пристигнаа во Ирска
Околу 5.500 украински бегалци пристигнаа во Ирска од руската инвазија на Украина, изјави денеска премиерот Таоисак Мишел.
– Во Ирска имавме околу пет и пол илјади во оваа фаза. Нашиот примарен импулс е да им помогнеме на оние кои бегаат од војната… очигледно постои огромна човечка емпатија да им се помогне на жените и децата – рече Мартин во интервју за Би-Би-Си.
Тој додаде дека ако Украинците дојдат во Ирска, ќе добијат пристап до нивната социјална заштита.
– Пристап до нашите здравствени услуги, нашето образование, право на работа веднаш. И веруваме дека тоа е вистинската работа во контекст на најлошото раселување на луѓето и бегалската криза од Втората светска војна – рече Мартин.
Тој додаде дека брзината е важна во оваа ситуација, пишува Би-Би-Си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.
Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рече дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се борат.
„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш јас не исклучувам интервенци во конфликтот“, рече Макрон.
Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, но истовремено владеењето на правото и општите правила се под закана.
„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање“, заклучи францускиот претседател.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.
Свет
Силен земјотрес го погоди Азербејџан
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.