Економија
Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Чешка
Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка согласно кој двете деловни организации заеднички ќе делуваат во насока на унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји преку воспоставување директна комуникација меѓу деловните ентитети.
Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски, и директорот на Стопанската комора на Чешка, Јиржи Хансл во присуство на високи претставници на организациите и деловните заедници од двете земји по одржана билатерална средба. Договорот предвидува двете комори да ја продлабочат соработката во насока на склучување на директни партнерства за зацврстување на деловните релации меѓу претставници на бизнис-заедницата преку разменување информации, организирање и промоција на заеднички настани, организирање посети на деловни делегации, размена на експертиза, соработка на меѓународни проекти и други активности.
Потпишувањето на Меморандумот се реализира во рамките на Македонско-чешки бизнис-форум кој ќе се одржи утре во Скопје во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Амбасадата на Република Чешка.
Во рамки на бизнис форумот ќе се обратат и заменик-министер за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки и амбасадор на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва. По обраќања на владини претставници ќе има презентација на чешките компании, по што следува и работниот дел во кој ќе се реализираа директни бизнис-средби.
Република Чешка спаѓа во групата на земји со најголем обем на размена со Република Северна Македонија. Во изминатата 2021 година од нашата држава во Чешка се извезени стоки во вредност од 111 милиони евра, со што се бележи раст на извозот од 78 отсто, додека вредноста на увозот изменува 128 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

