Економија
Пристигна првото електрично Audi
Новиот e-tron Sportback
Иднината е електрична: во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback. Динамично SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата1. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.

Елегантен, ефикасен, препознатлив: надворешен дизајн
Audi e-tron Sportback ја комбинира моќта на пространиот SUV со елеганцијата на купе со четири врати и прогресивен карактер на електричен автомобил. Со должина од 4.901 милиметри, ширина од 1.935 милиметри и висина од 1.616 милиметри, неговиот покрив се протега рамно над мускулестото тело, стрмно спуштајќи се надолу – во типичен купе стил се влева во D-столбовите.

S-line пакетот на опрема става посебен акцент на спортската DNK на Audi e-tron Sportback. Стандардно е опремен со тркала од 20 инчи и спортска воздушна суспензија. Препознатливиот контурен браник е опкружен со поизразени воздушни завеси, кои го подобруваат протокот на воздух. Тие се протегаат под фаровите, а со тоа создаваат динамичен изглед дури и од далечина. Амблемот S-Line ја краси решетката на ладилникот, додека осветлените алуминиумски облоги на праговите на вратите имаат “S” лого. На задниот дел, вградениот спојлер е стандарден, како и впечатливиот дифузер што се протега низ целата ширина на возилото и придонесува за извонредна аеродинамика.

Спортска ефикасност: Електрични мотори со електричен quattro погон на сите тркала

Audi e-tron Sportback 55 quattro му овозможува на возачот да ужива во интеракцијата на ефикасност, перформанси и врвен комфор. Секоја оска е опремена со асинхрон електричен мотор кој се напојува со трофазна електрична енергија од системот за напојување. Со моќност од 265 kW и 561 Nm вртежен момент2, двата стандардни електрични мотори имаат голема моќност при лансирањето на SUV купето од место – без CO2 емисии и во виртуелна тишина. На Audi e-tron Sportback 55 quattro му се потребни само 6,6 секунди да достигне 100 km/h, а максималната брзина е електронски ограничена на 200 km/h. Со префрлање од погонскиот опсег D во S и целосно притискање на педалата за гас, возачот може да го активира “Boost” режимот.

Во овој режим на возење, погонот генерира моќност од 300 kW и вртежен момент од 664 Nm за осум секунди. Ова му овозможува на SUV купето да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,7 секунди.

Двостепените менувачи со еден опсег на брзини го пренесуваат вртежниот момент од електричните мотори на оските. Прекинувачот, со кој возачот може да управува со палецот и показалецот, се користи за избор на брзини. Поставен во централната конзола, рачката од менувачот служи дополнително и како потпирач за раце.

Запознајте го новиот Audi e-tron Sportback одблизу во салонот на Audi во Скопје или дознајте ги сите информации на www.audi.mk
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

