Спорт
Монструозна партија на Таунс, 60 поени и 17 скока – Кари постигна само 47 поени
Карл Ентони Таунс со неверојатна партија го обележа натпреварот помеѓу Минесота Тимбервулс и Сан Антонио Спарс. Волците славеа победа 149:139, а Таунс натпреварот го заврши со 60 поени и 17 скока.
Центарот на Минесота, кој на олстар-викендот победи во натпреварот, во шутирање тројки, од игра шутира 19/31, во статистиката запиша три асистенции и една украдена топка. Таунс постави нов рекорд на франшизата од Минеаполис. Ова е најдобриот индивидуален учинок на еден играч од почетокот на сезоната.
Таунс го поништи учинокот на најефикасните играчи на Сан Антонио, Келдон Џонсон (34 поени, 8 скока, 4 асистенции) и Дежонте Мареј (30 поени, 12 асистенции).
Волците во чекор го следат Денвер и се надеваат дека до крајот на регуларниот дел ќе успеат да дојдат до шестото место на Западот.
Голден стејт Вориорс славеше победа во дуелот со Вашингтон Визардс 126:112. Блескаше Стеф Кари со 47 поени. Бекот на Вориорс погоди 16 од 25 обиди од поле, во статистиката запиша и по шест скока и асистенции.
Во тимот на Вориорс, по речиси два месеца, се врати Дрејмонд Грин (шест поени, седум скока, шест асистенции).
Милвоки Бакс победи на гости кај Јута со 117:111. Ова е прва победа на Бакс во Солт Лејк сити уште од 2001 година. Јанис Адетокумбо со 30 поени и 15 скока, односно Џру Холидеј со 29 поени ги предводеа Бакс.
Резултати: Кливленд – ЛА Клиперс 120:111, Атланта -Портланд 122:113, Оклахома – Шарлот 116:134, Сакраменто – Чикаго 112.103, ЛА Лејкерс – Торонто 103:114.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Англиски тренер доживотно исфрлен од фудбалот, 27 години работел во Челси
Гвин Вилијамс (76), човек кој 27 години работел на различни позиции во Челзи, добил доживотна забрана за тренерска работа, откри Атлетик. ФА, забраната за Вилијамс ја вовеле уште во 2019 година, но таа не била објавена во јавноста бидејќи англиската ФА нема пракса да објавува такви информации.
Вилијамс бил казнет поради расизам и малтретирање играчи. Атлетик пишува дека тој секојдневно на расна основа злоставувал момчиња на возраст од 12 години.
„Јазикот што понекогаш го користел кога разговарал со црните играчи бил суров, шокантен“, изјавил еден неименуван играч во истрагата.
Против Вилијамс биле поднесени и две пријави до полицијата, вклучително и обвиненија за сексуална злоупотреба на играч од младинскиот тим на Челзи. Сепак, полициските истраги не доведоа до обвиненија. Вилијамс ја негираше вината и во двата случаи, а врз основа на тие информации ФА одлучи дека тој не претставува сексуална опасност за децата.
Вилијамс имал различни улоги за време на неговите 27 години во Челзи. Покрај работата со помладите категории, тој бил и главен скаут и помошник тренер во штабот на Клаудио Раниери.
Тој го напушти Челзи во 2006 година, по што седум години беше технички директор во Лидс Јунајтед. Таму добил отказ откако испратил порнографски слики на колегите по електронска пошта.
Спорт
(Видео) Борусија е во финалето на ЛШ – Хумелс го замолкна Париз
Фудбалерите на Борусија Дортмуд први изборија пласман во финалето на Лаигата на шампиони. „Милионерите“ и во реваншот го совладаа ПСЖ со 1:0. Стрелец на единствениот гол во Париз беше Матс Хумелс во 50.минута. Борусија по пауза ид 11 години е се бори за европската круна. Противник во финалето на „Вембли“ ќе и биде подобриот од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.
ПСЖ имаше повеќе од играта, напаѓаше во првото полувреме, а во офанзива тргнаа во вториот дел, но Килијан Мбапе и соиграчите немаа доволно спортска среќа. Дури четири пати во второто полувреме ја погодија рамката од голот – двапати стативата и исто толку гредата.
И во првиот натпревар Французите двапати ја погодија стативата (Мбапе и Хакими), но ќе остане запишано дека во 180 минути не успеаја ниту еднаш да го совладаат голманот на Борусија, Кобел.
Стрелец на единствениот гол беше ветеранот Матс Хумелс во 50. минута. Јулијан Бранд одлично изведе корнер, а искусниот дефанзивец со глава го совлада Џиџи Донарума.
Спорт
Нан го однесе ПАО на завршниот турнир во Берлин
Кошаркарите на Панатинаикос по пауза од 12 години изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. Вечерва пред 20.000 навивачи во „ОАКА“, Панатинаикос ја доби мајсторката против Макаби со 81:72.
Панатинаикос клучната предност ја направи во воведните четири минути од последната четвртина, период во кој Макаби постигна само два поени.
Големо влијани врз конечниот резултат имаше и односот на слободните фрлања, Панатинаикос изведе 35, Макаби само 10.
Најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 26 поени, Костас Слукас имаше уште една добра партија со 15 поени и шест скока, додека Хуанчо Ерненгомес постигна 11 поени. Матијас Лесор беше блиску до дабл-дабл учинок со девет поени и 11 скока. Францускиот центар од линијата за слободни фрлања погоди три пати од 14 обиди.
Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 17 поени.
На завршниот турнир во Берлин од 24 до 26 мај, Панатинаикос во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Монако и Фенербахче.