Регион
Ѓулен бара меѓународна истрага за пучот во Турција и се согласува на соработка

Исламскиот проповедник кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, Фетулах Ѓулен, кого властите во Анкара го обвинуваат за поттикнување на неуспешниот воен преврат од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули, во петокот во текстот објавен во францускиот дневен весник Le Monde пишува дека бара „меѓународна истрага“ за обидот за пуч, ветувајќи „целосна соработка“.
„Им упатувам апел на турските власти и ветувам целоста соработка. Барам независна меѓународна комисија да ја спроведе истрагата за обидот за државен удар“, пишува во францускиот дневен весник Фетулах Ѓулен.
Според турските власти, која од САД бараат да им биде предаден Ѓулен, овој исламски проповедник бил осмислувачот на неуспешниот воен удар во кој се убиени 273 цивили, не сметајќи ги стотината загинати пучисти, а повеќе од две илјади беа ранети.
Поранешниот имам и во почетокот голем политички сојузник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со кој од пред неколку години влегоа во жесток судир, и натаму негира каква и да е своја вмешаност во пучот кој го нарекува „најлош терористички чин“ сторен на турска почва.
„Доколку десетиците обвиненија против мене се покажат основани, ветувам дека ќе се вратам во Турција и ќе се согласам на најтешката казна“, се истакнува во текстот на Ѓулен.
„Меѓутоа, доколку војниците за коишто се тврди дека се приврзаници на Хизмет (движењето на следбениците на Ѓулен – з.р.) се вмешани во овој заговор, го велам тоа без најмала грижа на совеста…, станува збор за престапници кои го доведоа во опасност единството и интегритетот на земјата, лица коишто го предале мојот идеал. Господ нека ги казни“, пишува Ѓулен и додава дека „целиот живот се борам против воените интервенции“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.