Македонија
Милевски со градоначалниците од пограничните општини на состанок со колегите од Косово
Во пресрет на новиот јавен повик за проекти од ИПА-рограмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, денеска во Приштина се одржа заеднички состанок на министрите за локална самоуправа на Македонија и на Косово, Горан Милевски и Елберт Красниќи, и на градоначалниците од пограничните општини.
„Овој настан има цел да ги информира градоначалниците од пограничните општини за јавниот повик од речиис 3 милиони евра за проекти за прекугранична соработка од ИПА-програмата Северна Македонија – Косово, што ќе биде објавен до крајот на месецот, но и преку директна комуникација да поттикне соработка во разни области, од што корист ќе имаат граѓаните и од двете земји“, рече министерот Милевски.
Министрите за локална самоуправа, Горан Милевски и Елберт Красниќи, изразија убедување дека очекуваат голем број партнерства меѓу општините од двете земји и квалитетни проекти со кои во целост ќе се реализираат средствата од ИПА-програмата на Европската Унија.
Министерот Милевски со својот косовски колега Красниќи оствари и одвоена средба, на која беше потврдена добрата соработка во актуелниот втор ИПА-програмски период, во кој беа одобрени 14 заеднички проекти во вкупна вредност од 4,8 милиони евра, средства од Европската Унија. Дванаесет проекти се целосно реализирани, а 2 се во фаза на имплементација. Реализиран е и еден стратешки проект, граничниот премин Белановце – Станчиќ, пракса што, нагласија министрите, ќе продолжи и во ИПА 3-програмскиот период за кој ќе бидат одобрени нови средства од ИПА-програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

