Спорт
УЕФА ќе го казни Роналдо?

Кристијано Роналдо би можел да биде казнет од УЕФА поради гестикулацијата, упатена кон главниот судија, Славко Винчиќ, на мечот со Атлетико Мадрид.
Португалецот, сметаше дека неговиот соиграч Ентони Еланга, бил фаулиран, во нападот кој му претходеше на голот на Атлетико.
Тој најпрвин протестираше кај Винчиќ, а потоа гестикулираше дека на судијата му се потребни наочари.
Англисккте медиуми пишуваат дека Роналдо ќе биде казнет и дека не може да се брани, бидејќи камерите ја забележаа неговата гестикулација.
Манчестер јунајтед со поразот од Атлетико (0:1), ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Ronaldo not happy with the referee. @Specsavers pic.twitter.com/ql0d6JrWzM
— Nora Calder ?? (@NoraUtd) March 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Зубименди во Арсенал

Арсенал во неделата објави дека потпишал договор со шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди.
Дефанзивниот играч од средниот ред, кој играше 19 пати за шпанската репрезентација, е производ на младинската академија на Реал Сосиедад, а е член на првиот тим на баскискиот тим од 2018 година.
За тимот од Аноета одигра 236 натпревари и постигна десет голови. Од неговиот трансфер, Сосиедад ќе заработи над 50 милиони фунти.
Со Зубименди, Арсенал ја продолжи традицијата на доведување шпански фудбалери, пред него дресот на лондонскиот клуб го носеа Сеск Фабрегас, Хозе Антонио Рејес, Хектор Белерин, Санто Казорла, Дани Себаљос, Микел Артета (сега тренер), Начо Монреал, Мануел Алмунија, Давид Раја, Микел Мерино…
Foto/ EPA-EFE/RONALD WITTEK
Controlling the tempo.
Martin Zubimendi is a Gunner ✊
Original music by Ezra Collective's Femi Koleoso. pic.twitter.com/sYbDanRUnT
— Arsenal (@Arsenal) July 6, 2025
Спорт
Денвер нема намера да се откаже од Валанчунас

Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ.
Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат.
Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер го гледа како клучен играч од клупата, како резерва за најдобриот играч Никола Јокиќ. Иако
Литванецот, од вчера е во Атина, имал контакти со луѓе од Панатинаикос, но трансферот во моментов е на чекање.
Причината? Сè е дел од веќе договорената размена, Дарио Шариќ оди во Сакраменто, а Валанчунас во Колорадо.
Откако размената ќе стане официјална во недела, 6 јули, Нагетс планираат да го активираат неговиот договор и да го задржат во тимот.
„Нагетс се решени да го задржат Валанчунас како резервен центар на Јокиќ, и покрај понудата на Панатинаикос“, нагласи Штајн.
Валанчунас, ако остане во Денвер следната сезона ќе заработи 10,4 милиони долари, односно кога ќе ги плати сите даноци, ќе му останат 4,2 милиони долари. Панатинаикос од друга страна му понуди три годишен договор, вреден 12 милиони долари (четири милиони долари по сезона).
Foto/ EPA-EFE/CJ GUNTHER
Спорт
Виера го блокирал трансферот на Варди во Џенова

Тренерот на Џенова, Патрик Виеира, не го сака ветеранот Џејми Варди во својот тим. Иако италијанските медиуми објавија дека клубот и напаѓачот постигнале договор, Виера го стопиал трансферот.
Според „Ла Република“, Варди бил блиску до преселба во Џенова откако неговиот договор со Лестер истече на крајот на јуни. И покрај ова, Виеира не бил убеден дека тоа е добра идеја поради што решил да го блокира трансферот.
Медиумите наведуваат дека спортскиот директор на Џенова, Флавио Ричардела, ги водел преговорите со напаѓачот, а договорот со спонзорот да ја преземе платата веќе бил постигнат.
Но, и покрај постигнатиот договор, Виеира ставил вето на трансферот.
Варди, кој беше дел од легендарната генерација на Лестер која во 2015/16 ја освои Премиер лигата, сега, според достапните информации е блиску до трансфер во шкотски Ренџерс.
Foto/ EPA-EFE/ANDY RAIN