Македонија
Се укинуваат маските за учениците до деветто одделение

Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата да се укине задолжителната обврска децата до деветто одделение во училиштата да носат маски за заштита од коронавирусот.
Освен делумното укинување на маските, Комисијата денес изгласала и одлука да не се бараат сертификати во отворените делови од угостителските објекти и од 50 на 70 отсто да се зголеми исполнетоста на театрите и културните институции.
„Обврската за наставниците и за административно-техничкиот персонал во основните училишта за носење маски останува задолжителна. Ако некој сака да носи маска на училиште за да ги заштити дома возрасните членови на семејството, не е забрането, но обврската ја укинуваме“, рече претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Комисијата ја донела одлуката со мнозинство. Петличковски објасни дека имало дискусија и разни мислења, но ставот е заеднички. Препораките ќе ги испратат до Главниот кризен штаб, од каде што треба да стигнат на дневен ред на седница на Владата.
Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, нагласи дека внимателно ја следат епидемиолошката состојба и доколку се зголеми епидемиолошкиот ризик, во сила ќе се вратат истите мерки. Се одлучиле за постапно олабавување на мерките за да дојде до нагло влошување на состојбата.
„Со постепено олабавување на мерките во согласност со епидемиолошкиот ризик, доколку успееме на терен да ја контролираме епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме да не се доведеме до ситуација во која се доведоа Германија, Австрија, Велика Британија и Данска, каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, рече Мехмедовиќ.
Комисијата, во согласност со новите параметри усвоени минатата недела, оценила дека земјата се наоѓа во зелена зона, односно намалени се бројките на новозаразени, на хоспитализирани и на починати од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делегации на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Пелинце, Крушево и Ташмаруништа по повод 2 Август, Денот на Републиката

Делегации на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на Републиката, 2 Август, ќе положат свежо цвеќе на неколку локации низ Македонија, во Скопје, Пелинце, Крушево и Ташмаруништа.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе ја предводи партиската делегација во Ташмаруништа, каде ќе положи свежо цвеќе заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга и заменик министер за правда, Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулески.
Во Скопје на 3 локации, партиската делегација ќе ја предводат градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски и пратеничката, Катерина Димитровска. Тие ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев во 10:00 часот, пред споменикот на АСНОМ (парк Жена Борец) во 10:20 часот и пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто (плоштад Македонија) во 10:40 часот.
Партиска делегација ќе положи свежо цвеќе и во Пелинце во 11 часот, која ќе ја предводи пратеникот Бране Петрушевски, а во состав на пратеникот и член на ИК, Миле Лефков, како и директорот на Државниот студентски дом Скопје, Александар Каровски.
Во Крушево, партиската делегација ќе положи свежо цвеќе на Споменикот на хероите на месноста „Слива“ во 10 часот и на Мечкин Камен во 12 часот. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево ќе ја предводи Генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски, а истата ќе биде во состав на претседателот на Унијата на млади сили, Сергеј Попов, претседателката на Унијата на жени, Жаклина Пешевска, членот на ИК, Ристо Симеонов и членот на ИК, Олга Лозановска.
Делегации на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и Патриотскиот институт, утре ќе положат свежо цвеќе на бројни локации во општините низ државата.
Македонија
Сиљановска-Давкова ќе учествува на централната прослава на 2 Август во Крушево

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 2 август, на „Мечкин Камен“ во Крушево ќе се одржи централната прослава на Денот на Републиката.
Чествувањето на Илинден ќе започне со положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, потоа на споменикот на хероите на месноста „Слива“, а ќе продолжи со панихида во храмот „Св. Никола“. Сиљановска-Давкова ќе положи цвеќе и на „Мечкин Камен“, каде што ќе има и свое обраќање.
Редослед на настани:
– 09:30 часот – положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, „Македониум“;
– 10:00 часот – положување свежо цвеќе на споменикот на хероите на месноста „Слива“;
– 10:30 часот – панихида во храмот „Св. Никола“;
– 12:00 часот – централна прослава на „Мечкин Камен“.
Македонија
Раководител во општинскиот инспекторат во Битола обвинет за бесправна градба

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Бесправно градење.
„Обвинетиот раководител во општинскиот инспекторат во Битола, во временскиот период од октомври 2013 година до март 2016 година, во атарот на селото Дихово, надвор од градежен реон, односно во местото викано „Трновски ливади“, на земјоделско земјиште во сосопственост на повеќе физички и едно правно лице изведувал градба и изградил помошен објект на три ката со вкупна површина од 193 м2“, соопшти обвинителството.
Објектот го изградил без претходно да обезбеди согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и без одобрение за градење.