Црна хроника
Подигање кредити и онлајн нарачки со туѓа платежна картичка – полицијата приведе две лица

Полицијата поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга и А.С.(38) од Скопје поради измама, злоупотреба на лични податоци и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи.
„Првопријавениот П.С. во септември 2021 година, преку комуникација на социјалната мрежа Фејсбук, довел во заблуда 26-годишник од Кавадарци и успеал да дојде до неговите лични податоци, кредитна картичка и трансакциска сметка. После тоа, податоците ги искористил за подигање кредити во повеќе финансиски друштва во име на оштетениот, како и за онлајн нарачки од различни продавници. Паричните средства и производите завршиле на адреса кај второпријавената А.С. од Скопје, сопруга на првопријавениот, кој се наоѓал на издржување затворска казна во Казнено-поправна установа Штип“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.