Црна хроника
Почнува судскиот процес за убиството на српскиот турист
Во Основниот суд во Охрид денеска треба да почне судскиот процес за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ (34) кој настрада во тепачка што на 27-ми август се случи во центарот на Охрид, јавува Охридњус
Обвинителен акт е подигнат против четири лица. Митре Костоски и Илче Јоноски, двајцата од Охрид, се товарат за убиство на свиреп начин. За истото дело е обвинет и српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој се уште е во бегство.Четвртиот обвинет е Ѓоко Наумоски кој се товари за помагање по извршено кривично дело.За убиството на српскиот турист првично беа осомничени осум лица, а на седуммина им беше изречена мерка притвор.Четворица од нив по два ипол месеци поминати во Истражниот затвор во Шутка, поради недостиг на докази беа ослободени од притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.