Спорт
Големиот кристален глобус за Микаела Шифрин, Мовинкел најбрза во Куршевел
Микаела Шифрин е освојувачка на Големиот кристален глобус во женска конкуренција откако денеска го освои второто место во супервелеслалом. Со тоа стигна до својот четврти голем кристален глобус и се израмни со Линдзи Вон.
Норвежанката Рагилд Мовинкел победи на супервелеслаломската трка во Куршевел, а патекета ја мина за време од 1:13.68 минути. На подиумот се искачи Мишел Гизин од Швајцарија која задоцнеше 13 стотинки зад победничката.
Малиот кристален глобус во супервелеслалом од претходно го осигура Италијанката Федерика Брињоне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нан го однесе ПАО на завршниот турнир во Берлин
Кошаркарите на Панатинаикос по пауза од 12 години изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. Вечерва пред 20.000 навивачи во „ОАКА“, Панатинаикос ја доби мајсторката против Макаби со 81:72.
Панатинаикос клучната предност ја направи во воведните четири минути од последната четвртина, период во кој Макаби постигна само два поени.
Големо влијани врз конечниот резултат имаше и односот на слободните фрлања, Панатинаикос изведе 35, Макаби само 10.
Најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 26 поени, Костас Слукас имаше уште една добра партија со 15 поени и шест скока, додека Хуанчо Ерненгомес постигна 11 поени. Матијас Лесор беше блиску до дабл-дабл учинок со девет поени и 11 скока. Францускиот центар од линијата за слободни фрлања погоди три пати од 14 обиди.
Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 17 поени.
На завршниот турнир во Берлин од 24 до 26 мај, Панатинаикос во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Монако и Фенербахче.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).
Спорт
(Видео) Алкараз на удар: „Се распаѓа, изгледа како 78-годишен старец“
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше проблеми со многу повреди во текот на својата кратка кариера.
Последна во низата е повредата на подлактицата која го мачи оваа пролет и поради неа ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Рим.
На оваа тема се зборуваше и во подкастот „Super Moscato“ на добро познатиот RMC.
Водител на емисијата е поранешниот француски рагбист, денес актер и водител Винсент Москато, кој многу го критикуваше 21-годишниот Шпанец.
„Да не бидам досаден, добри супи се прават во стари тенџериња, па еве го Ѓоковиќ, со сите повреди типувам на Ѓоковиќ“, изјави Москато и додаде:
„Алкараз „се распаѓа“. Го боли подлактицата, изгледа како 78-годишен старец. На 20 години раката не ве боли многу. Го гледате ли Алкараз како наследник на Надал? Слушајте ме, ќе јадам стаорец ако се случи тоа“
Алкарас моментално е трет на АТП листата, а полуфиналето ќе го брани на Ролан Гарос.