Црна хроника
Преживеаните вечерва се враќаат во Бугарија

Вечерва групата преживеани бугарски туристи ќе заминат за татковината со авионот со кој денеска во Охрид допатува високата бугарска државна делегација
Телата на починатите, пак, утре со воен авион ќе бидат пренесени во Бугарија, дознава wwww.forum.com.mk од извори од бугарската делегација во Охрид. Неизвесно е дали бугарскиот претседател Георги Прванов ќе го оствари најавеното доаѓање, бидејќи како што велат нашите соговорници, станува збор за класична сообраќајна несреќа на која ќе работата стручни екипи.Македонскиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пред да ја поднесе оставката од морални причини, контактирал со бугарскиот колега од каде добил потврда дека бугарски специјален тим ќе учествува во истрагата која ќе се врши најверојатно подводно за да се утврди состојбата на бродот. Исто така, Јанакиевски претпладнево побарал соработка и од хрватскиот колега каде има тимови кои се со поголемо искуство за вакви случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со „мерцедес“ излетал од патот: тешко повреден охриѓанец

Вчера во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од Ѓ.Ш.(24) од Охрид, излетало од патот.
Во несреќата со тепшки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ш., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Уапсен 75-годишен скопјанец, во неговиот дом пронајдени оружје и муниција

Вчера во 18:40 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 75-годишниот Љ.С. од село Трубарево.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и други предмети, извести МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во своите дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
Во периодот од 2020 до 2025 година, пријавените набавувале семки од растението канабис и во дворовите од нивните кјуќи во с.Огњанци, скопско, одгледувале стебла, кои ги береле, сушеле, а потоа ги пакувале во зипер ќеси и ги продавале на уживатели на подрачјето на град Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.
На 06.09.2025, со судска наредба, полициски службеници извршија претреси во домовите на пријавените. Притоа, во домот и дворот на Б.А.(42) се пронајдени и одземени марихуана и осум стебла од растениетѕо канабис. Додека, во домот и дворот на Б.А.(40) се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението канабис.