Економија
Маричиќ и Битиќи на состанок со секторската работна група за конкурентност и иновации
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржа координативен онлајн-состанок со секторската работна група за програмирање на Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА) во областа на конкурентност и иновациите за периодот 2021-2027 година.
Маричиќ на состанокот ја потенцира важноста приоритетите и планирањето на проектите да бидат базирани врз главниот стратешки документ и на овој начин да се насочи донаторската координација во служба на националните приоритети, вклучително и процесот на интеграција во ЕУ во целина, акцентирајќи ја потребата од учеството на граѓанските организации на состаноците на секторските работни групи.
„Мора да имаме координација во планирањето и одредувањето приоритети на стратешко ниво со цел да обезбедиме комплементарност и синергија на помошта од донаторите и што е најважно – да избегнеме удвојување на помошта. За ова мора да ги имаме предвид реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ, планирани во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, како сеопфатен национален стратешки и програмски документ за водење на процесот на европска интеграција, како и Националниот план за развој, кој е во тек, и Програмата за економски реформи“, посочи Маричиќ.
Битиќи, рече дека имаат специфична задача – да дефинираат што е најважно за секторот за следните години и што ќе се финансира на среден период со најдобри ефекти за што ги повика сите фактори од јавниот и од приватниот сектор, заедницата на граѓански организации, донаторската заедница и, секако, Европската комисија, да земат учество во градењето општествен консензус и да ги здружат напорите и ресурсите за заеднички да го постигнат најдоброто за нашата земја.
„Стратешкиот одговор на Северна Македонија за периодот 2021 – 2027 година за прозорецот 4, кој опфаќа конкурентност и инклузивен раст, и поконкретно тематскиот приоритет 2, кој се однесува на развојот на приватниот сектор, трговија, истражување и иновации, утврдува три цели преку кои земјата треба да се подготви за европскиот внатрешен пазар, да се подобри регулаторната и институционалната рамка за деловно работење и инвестиции, да се зголеми конкурентноста на претпријатијата, да се зајакнат извозот и диверзификацијата, интернационализацијата на економијата, а истовремено да се одговори на предизвиците на циркуларната економија/зелената економија, а се тоа преку зајакнато истражување, технолошки развој и иновации“, истакна Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

