Црна хроника
105 санкции за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Денеска Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 105 возачи.
Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, известуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Предизвикале пожар на градската депонија: уапсени две лица во Демир Хисар

Вчера во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
Имено осомничени се дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.
Според полицијата, по документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
Топ
Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев“ во Охрид, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари.
По извршените проверки било утврдено дека во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, при што е констатирано дека националната установа, претставувана од пријавениот, била оштетена за износ од 151.290 денари.
Црна хроника
Уапсен велешанец за издржување затворска казна од осум години

На 22.04.2025 во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.Ш.(45) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ од која настанале смртни последици, казниво по член 131 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.