Контакт

Вести

Нови жртви на двете страни во израелско-палестинскиот конфликт

Објавено пред

Еден Израелец загинал во саботата при ракетен напад врз јужниот дел од земјата од палестинската енклава Појасот Газа, потврдија израелските безбедносни извори, додека 11 Палестинци се убиени во саботата рано утрото во израелските бомбардирања на енклавата со што бројот на жртвите на палестинската страна се искачи на 307 во дванаесеттиот ден од израелската офанзива, јавија палестински извори.

dobivaj vesti na viber

Мажот, чиј идентитет не се соопштува, е третата жртва од израелската страна, во кој од почетокот на 8-ми јули палестинската страна истрела повеќе од 1.600 проектили врз израелска територија и продолжува да го ракетира Израел и покрај тоа што противничката армија презема и копнена офанзива во Појасот Газа која се вклучени и тенковски единици.

„Мажот се здобил со смртоносни рани при ракетен напад врз градот Димона, а уште четири лица побараа медицинска помош“, изјави портпаролот на израелската полиција, Мики Разенфелд.

Првиот Израелец загина во вторникот. Станува збор за 38-годишен волонтер кој загина во минофрлачки оган кога на војниците со Појасот Газа им делел продукти. Втората жртва на израелската страна во петокот беше 20-годишен војни, кој учествувал во првите директни копнени операции на територијата на палестинската енклава.

Рано утрото во саботата во нападот на израелските сили биле убиени седум лица, од кои една жена, на излегувањето од џамија во местото Кан Јунес во јужниот дел од Појасот Газа, изјавил портпаролот на локалните безбедносни извори, додавајќи дека три жртви се од едно семејство. Две други лица се убиени во одвоени воздушни напади врз Баит Ханун и Деир ал-Балаг, а уште две жртви има во повторен пад во Кан Јунес.

Така, од почетокот на израелската офанзива „Линија на одбраната“ започната на 8-ми јули, животите ги загубија 307 Палестинци, меѓу кои многу се деца и жени, а околу 2.250 луѓе се ранети. Палестинскиот центар за човекови права со седиште во Газа наведува дека повеќе од 80 отсто од жртвите се цивили, во оваа густо населена енклава со 1,8 милиони Палестинци.

Израелската армија ноќта кон петокот ја започна копнената офанзива во Газа, првпат од војната од декември 2008 до 2009 година кога загинаа најмалку 1.400 Палестинци и стотина Израелци. Но и покрај тоа продолжи ракетирањето. Целта на сегашната израелска офанзива е да бидат уништени тунелите преку кои палестинското исламистичко движење Хамас се снабдува со оружје и проектили.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во саботата ќе допатува на Блискиот исток за „координација со регионалните и меѓународните актери да се стави крај на насилствата и да се изнајде решение на проблемот“. Советот за безбедност на ОН претходно во петокот ги осуди ракетните напади на Хамас врз Израел со кои беше прекинато петчасовното хуманитарно примирје, но и изрази загриженост од жестокоста на израелскиот одговор./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија5 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија6 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија9 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија11 часа

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија11 часа

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија12 часа

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија12 часа

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија12 часа

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија13 часа

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија14 часа

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...

Македонија14 часа

„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ‘ЕСМ снабдување со топлина’, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји...

Македонија15 часа

Додека граѓаните плаќаат најскапа струја, власта се правда дека покачувањето е минимално, велат од партијата Левица 

„Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија...

Македонија15 часа

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната...

Европа15 часа

(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во...

Европа15 часа

(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал

Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција,...

Европа16 часа

Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но...

Европа17 часа

(Видео) 12 дрона соборени длабоко во Русија, остатоци од еден предизвикаа пожар во објект

Над Тулската област, која се граничи со Московската област на север од земјата, руската воздушна одбрана уништи 12 украински дронови,...

Свет17 часа

(Видео) Експлозија во дом за стари лица кај Филаделфија: најмалку двајца мртви, се стравува дека има повеќе

Две експлозии и пожар, очигледно предизвикан од истекување на гас, го зафатија домот за стари лица во близина на Филаделфија,...

Македонија1 ден

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...