Црна хроника
Во Скопје казнети 188 возачи, 60 за брзо возење

Во акциската контрола од страна на МВР, вчера на територија на град Скопје биле изречени вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 60 казни, 34 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени биле и пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 40 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.