Црна хроника
Возило удрило во малолетен пешак во Куманово и побегнало
Вчера во 15:10 часот во Куманово на ул.„Сава Ковачевиќ“ патничко моторно возило удрило во малолетен пешак од Куманово, по што возилото го напуштило местото на несреќата, информира полицијата.
Пешакот бил пренесен во Општа болница-Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Притвор за 23-годишен педофил, нападнал 11-годишно дете од Желино
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години, кривично дело казниво според член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало за помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство“, информираат од ОЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал 70-годишната мајка и сестра си
Полицијата вчера го приведе Д.З.(39) од скопско село, по претходна пријава дека околу 14 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 70-годишна мајка и неговата 43-годишна сестра.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Татко си го убил синот со ловџиска пушка, па седел покрај телото во станот додека не ги пронашле
Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои сомневање дека го убил својот син.
Според информациите на Обвинителството, тој го убил својот 39-годишен син со ловџиска пушка. Двајцата живееле заедно, а на убиството претходела расправија.
Куршумот го погодил синот во градниот кош и тој веднаш починал, а таткото седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле.
Се бара притвор за 65-годишникот.