Спорт
Рохас со „невозможен“ светски рекорд во трискок во Белград!
Венецуелската „кралица“ на трискокот, Јулимар Рохас постави апослутно неверојатен светски рекорд во трискокот на Светското првенство во сала во Белград, рушејќи ги и светскиот рекорд во сала и рекордот на отворено и победувајќи со предност од точно еден метар пред Украинката Марина Бех.
Олимписката шампионка Рохас скокна 15.74 метри, што е убедливо најдолг трискок во историјата, подобрувајќи го светскиот рекорд во сала за 31 сантиметар, додека рекордот на отворено падна за 7 сантиметри. Двата рекорди беа во нејзина сопственост. Во Токио лани за златото таа скокна 15.67.
¡NUEVO RÉCORD DEL MUNDO INDOOR Y PRIMER TRIPLETE MUNDIAL DE LA HISTORIA!
⏩1️⃣5️⃣.7️⃣4️⃣⏪
✔️ 15.19
❌
✔️ 15.04
❌
✔️15.36
✔️1️⃣5️⃣.7️⃣4️⃣?? ??? + ?? pic.twitter.com/cHJBQe1EOl
— Yulimar Rojas (@TeamRojas45) March 20, 2022
? Así fue el BRUTAL salto de @TeamRojas45 para lograr el récord del mundo. ¡¡Se volvió locaaaaa ??!! ¡¡Enhorabuena campeona ??!! https://t.co/dP7BqRoXzd #Belgrade2022 #WorldIndoorChamps pic.twitter.com/DYI0CYVoOt
— MARCA (@marca) March 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ваноли ја презеде Фиорентина
Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина.
Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот.
Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола.
Овој стручњак нема клуб откако го напушти Торино ова лето, а интересно е што беше под договор со „биковите“ до 2026 година, а го раскина дури вчера.
Сега немаше повеќе проблеми и пречки, па Ваноли е новиот тренер на Фиорентина.
Да ве потсетиме дека тој ќе го замени Стефано Пиоли кој немаше добар почеток во Фиренца. Во првите десет рунди, Фиорентина не забележа победа и со само четири бода се наоѓа на последното место во Серија А.
Во својата кариера, Ваноли ги водеше италијанските репрезентации до 16, 18 и 19 години, Спартак Москва, Венеција и Торино.
Спорт
Познато е кој ќе игра во НБА Европа
Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување.
Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.
Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија по два. Сè уште не е познато дали ќе се формираат нови тимови или ќе се активираат некои постоечки.
„Моментално, има многу дискусии за екосистемот и градовите на учесниците, како и за тоа како изгледаат арените во кои ќе играат. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат свое име во кошарката, а ќе има и градови од кои ќе почнеме од почеток. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојано таму, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, вели Ајвазоглу.
Спорт
УЕФА планира да го промени системот за квалификации за СП и ЕП
УЕФА планира промени во квалификацискиот систем за Светското првенство и Европското првенство, а новиот формат треба да биде претставен во следните шест месеци, објави претседателот на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин.
Сепак, на Фудбалскиот бизнис форум во Милано, Чеферин категорично ја отфрли можноста за примена на сличен систем како во Лигата на шампионите за репрезентативни квалификации.
„Не“, рече отсечно Чеферин.
На прашањето кога ќе бидат објавени плановите, тој одговори: „Би рекол дека за околу шест месеци ќе знаеме повеќе“.
Пред еден месец, имаше шпекулации дека УЕФА размислува за „лига во стилот на Лигата на шампионите“ за квалификации за следното Европско првенство, по навестувањата на Чеферин на конференцијата во Лисабон.
УЕФА во моментов разгледува начини за зголемување на интересот на квалификациските тимови, бидејќи интересот на навивачите и радиодифузерите се намалува, особено поради големите разлики во квалитетот меѓу националните тимови.

