Македонија
8 починати лица, регистрирани 214 новозаразени со коронавирус
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 135, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци – 8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1.
Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии.
Регистрирани сe 96 оздравени пациенти од: Скопје – 64, Охрид – 8, Куманово и Велес по – 5, Кавадарци – 4, Битола – 3, Кочани – 2, Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово по – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.133 тестови преку: ИЈЗ-189, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-50, Биотек-61, Систина-28, лабораторија Лаор-87, Синлаб-4, Ремедика-0, Плодност-27, Генеа-3, Никоб Лаб-132, ВФВ Медикал-45, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–17, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.006.
Досега во земјата се направени вкупно 1.937.970 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.354, бројот на оздравени пациенти е 292.048, на починати е 9.180, а бројот на активни случаи изнесува 2.126.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 141944, Активни 1155
Куманово 16460, Активни 74
Битола 14575, Активни 144
Прилеп 13883, Активни 154
Тетово 13399, Активни 43
Кавадарци 10349, Активни 86
Велес 9623, Активни 37
Гостивар 9511, Активни 28
Охрид 8653, Активни 95
Струмица 7973, Активни 39
Штип 7949, Активни 18
Кичево 5519, Активни 38
Кочани 5020, Активни 24
Струга 4678, Активни 18
Гевгелија 4329, Активни 29
Неготино 3641, Активни 11
Ресен 2659, Активни 25
Свети Николе 2612, Активни 5
Радовиш 2505, Активни 18
Крива Паланка 2401, Активни 8
Делчево 1904, Активни 4
Дебар 1661, Активни 10
Берово 1636, Активни 5
Валандово 1471, Активни 11
Виница 1371, Активни 13
Пробиштип 1259, Активни 2
Богданци 1015, Активни 9
Кратово 956, Активни 10
Крушево 916, Активни 6
Демир Хисар 821, Активни 1
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 584, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 483, Активни 1
Дојран 341, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.

