Свет
Семејството го опиша хоророт во Мариупол: Пукаа во луѓето на ред за вода
Дмитро и Тања Шветс првите 23 дена од војната ги поминале криејќи се во подрум во Мариупол со нивната седумгодишна ќерка. Семејството успеало да побегне од Мариупол минатиот четврток, но нивните родители останале таму.
Тие побегнаа во Днипро, град во североисточна Украина. Во интервју за Си-ен-ен, Тања изјави дека руското бомбардирање практично го избриша Мариупол од картата, а прашање на време е кога и другите градови во Украина ќе се соочат со таква судбина.
„Таму веќе нема град. Градот Мариупол повеќе не постои. Нема ниту една станбена зграда која не е оштетена или урната. Само 10% од луѓето останале во градот. „Само пензионерите кои немаат пари или автомобили за да не можат да избегаат и оние кои не можат да пешачат“, изјави Тања за Си-ен-ен.
„Не сме се искапеле три недели. Мокревме во торба или кофа“ – напишала Тања во својот дневник кој го чувала во прифатилиштето. Таа на CNN покажа делови од дневникот.
Семејството ретко го напушташе подрумот – излегуваа само да најдат храна и вода. Тие еднаш излегоа да помогнат во закопувањето на соседите убиени од руската артилерија додека чекаа ред за храна.
„Проблемот е што во градот нема ништо. Нема сигнал за мобилен телефон, нема интернет. Сè беше исклучено – гас, вода, струја – изјави Дмитро за Си-ен-ен.
„Готвевме на отворен оган. Собиравме дрва за огрев по парковите бидејќи немаше друга опција за опстанок. Ја делевме храната со соседите и роднините“ – додаде тој.
Двојката рече дека има впечаток дека Русите намерно таргетирале групи цивили кои чекаат во редици за храна, вода или лекови.
„ Само нè убиваа. Да се соберевме да најдеме вода, ќе пукаа во нас“ – рече Тања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

