Македонија
ЈП „Паркови и зеленило“: Пролетната акција за средување и чистење на скопските општини се одвива според планиранoто
Големата пролетна акција за средување и чистење на скопските општини која започна на 21.3.2022г. во организација на Град Скопје, а во координација со градските јавните претпријатија, се одвива согласно предвидените планирани активности, велат од ЈП „Паркови и зеленило“. Иницијативата за оваа акција, како што истакнуваат е само дел од целите кои се приоритет на Градот Скопје, во соработка со јавните претпријатија за чисти и уредени градски средини, а со тоа овозможувајќи реализирање и на голем број барања од страна на граѓаните.
„Започнувајќи од општина Кисела Вода изминативе три дена, акцијата се одвива тековно, каде екипи од нашето претпријатие работат на собирање лисја, косење на тревниците, собирање на искосот, кроење на грмушки, чистење на зелените површини од отпадоци и смет, а се изврши и кастрење и сечење на дрвја по издадени решенија од страна на Град Скопје. Активностите се одвиваат редоследно, согласно утврдената програма за работа и досега се интервенираше на: Бул. Борис Трајковски – потег од рампа до раскрсница со бул. Србија каде се изврши кастрење на 33 дрвја и сечење на 7 дрвја по решение, косење на зеленилото по должина на булеварот, собирање на лист, правење на рабници, кроење на грмушки и рози ирасчистување на теренот“, додаваат од таму.
Објаснуваат дека за таа цел биле ангажирани 30 работници, 3 камиони и 2 дигалки.
„На ул. Јустинијан Први – се завршија две решенија, исечени се 20 тополи како и едно решение во ООУ Св. Климент Охридски каде се исечени 5 дрвја и се изврши кастрење на 10 дрвја во зеленилото кое го одржува претпријатието. Исто така, на оваа улица екипите извршија косење на зеленилото по должина на улицата, собирање на лист, правење рабници, кроење на грмушки и рози, како и расчистување на теренот. Активностите се реализираа со 30 работници, 3 камиони и 1 дигалка. На ул. Михаил Чаков – завршени се три решенија исечени се 3 дрвја и 22 се искастрени, а се работеше и на косење на зеленилото по должина на улицата и околу зградите, собирање на лист, правење на рабници, кроење на грмушки и рози, расчистување на теренот, со ангажирање на вкупно 30 работници, 3 камиони (еден камион од ЈП Комунална хигиена) и 1 дигалка“, се истакнува во писменото соопштение.
Најавуваат дека во склоп на акцијата до крајот на неделата ќе се изврши средување на јавните зелени површини на ул. Христо Татарчев и на ул. Павел Шатев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во државава е поевтино да се облечеш, отколку да се храниш
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во октомври индексот на трошоците на живот забележал мала дефлација од 0,2% во споредба со септември. Тоа се должи на поевтинувањето на транспортот за 6,1%, мебелот и одржувањето на домаќинствата за 0,3%, како и на образование и култура за 0,1%. Индексот на цените на мало бележи слично благо намалување, на 98,7 поени.
Сепак, ова благо месечно намалување не го менува годишниот тренд. Во однос на октомври 2024 година, индексот на трошоците на живот пораснал за 4,5%, а индексот на цените на мало за 2,8%, што покажува дека граѓаните сè уште се соочуваат со висок инфлаторен притисок.
Највидливо поскапување е регистрирано кај храна и безалкохолни пијалаци, кои за една година се зголемиле за 7%, како и кај алкохолни пијалаци и тутун (+6,7%) и облека и обувки (+2,8%). Мали месечни зголемувања има и кај домувањето, вода, електрична енергија и гас, како и ресторани и хотели, со раст од околу 0,2%.
Минималната синдикална кошница во октомври пораснала за 467 денари, а за просечно четиричлено семејство месечните трошоци изнесувале 65.544 денари. Најмногу се зголемиле трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври достигнале 23.772 денари, што е раст од 378 денари за еден месец.
Македонија
И денес врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени.
Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа) со појава на грмежи.
-Во вторник претпладне ќе има повремен локален дожд, а преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, соопшти Управата за хитрометеоролошки работи.
Македонија
Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо, Франција
Кардиохирурзите при ЈЗУ Клиника за кардиохирургија, Скопје, Александар Колев и Кујтим Џелили престојуваат на Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, Франција, каде учествуваат на работилница за запознавање и обука со некои од најиновативните техники во совремата кардиохирургија.

-Заедно со мојот колега Кујтим Џелили имавме одлична можност да учествуваме на едукативна работилница во Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, организирана од Петерс.
Под менторство на водечките професори Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, се запознавме со некои од најнапредните техники во современата кардиохирургија. Меѓу нив најсофистицирана и најпрефинета беше употребата на роботскиот систем на Да Винчи за поправка на митралниот вентил, како и други минимално инвазивни кардиохируршки процедури. Преку практични тренинг сесии, вежбавме креирање на анастомози на реални модели, користејќи некои од најновите помошни хируршки апарати, напиша кардиохирургот Колев на неговиот фејсбук профил.

Тој особено го потенцира фактот дека кардиохирургија, како една од поновите гранки на медицината, продолжува да се развива и брзо напредува.
-За нас, како кардиохирурзи кои доаѓаат од мала земја како Македонија, од особено значење е да останеме во тек со овие иновации, со цел да обезбедиме највисок можен квалитет на третман за нашите пациенти, наведува д-р. Колев.

