Спорт
„Топспорт“ во Палермо – Ристовски: Огромен мотив е да се игра против европскиот првак
„Топспорт“ во Палермо,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе ја предизвика Италија во бараж-натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар. Селекцијата на Благоја Милевски ќе мора да го елиминира европскиот првак доколку сака да дојде на чекор до мундијалката виза.
Капитенот Стефан Ристовски вели дека се гордее што Македонија дојде во ваква позиција и вели дека сите фудбалери се максимално мотивирани за успех.
„Се гордеам што Македонија е дел од овој бараж-натпревар. Тоа е за респект, а едноставно нема поголем мотив пред утрешниот натпревар од тоа што ривалот Италија е актуелен европски првак. Нивната сила е во тимската игра, иако имаат безброј ѕвезди од Серија А во тимот. Но, ние ќе го дадеме максимумот и се надеваме на успех“, изјави Стефан Ристовски на прес-конференцијата.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија е закажан за утревечер со почеток во 20.45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Меси и Суарез го декласираа Њујорк Ред Бул
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси стана првиот играч во историјата на МЛС со пет асистенции на еден натпревар.
Меси го растури Њујорк Ред Бул со гол и пет асистенции. Интер славече победа 6:2.
Домашниот тим со пресврт дојде до седмата победа оваа сезона, откако Њујорк поведе во 30. минута преку Данте Ванзеир.
Матијас Рохас израмни во 48. минута, а Меси погоди две минути подоцна.
Рохас ја затресе мрежата на гостите во 62. минута, а Луис Суарез постигна хет трик во финишот.
Погоди во 69., 75. и 81. минута, а Њујорк Ред Бул постигна уште еден гол во седмата минута од судиското надополнување преку Емил Форсберг од белата точка.
Интер е прв во Источната конференција со 24 бодови, додека Њујорк Ред Булс е четврти со 17 бодови.
Спорт
(Видео) Брејк на Минесота во Денвер
Актуелните шампиони Денвер Нагетс, со пораз ја започнаа полуфиналната серија во Западната конференција. Во „Бол арена“, Дебевер доживеа пораз од Минесота Тимбервулвс 99:106.
Денвер одигра далеку под просекот, со лоши проценти на реализиција и Вулвс апсолутно заслужено победија.
Јокиќ постигна 32 поени, имаше осум скока и девет асистенции, но загуби и седум топки, притоа шутираше 11/25 од поле.
Ниту Џамал Мареј не се прослави во шутот со 6/14 и 17 поени, додека Портер Јуниор натпреварот го заврши со 20 поени, со реализација 6/13.
Кај гостите од Минесота се истакна Ентони Едвардс со 43 поени, Таунс постигна 20, но многу важна улога имаше Наз Рид со 16 поени, од кои 14 во последниот дел, како и Руди Гобер со два многу важни коша во клучните моменти од натпреварот.
Едвардс стана вториот играч на 22-годишна возраст или помлад, по Коби Брајант, кој има два последователни натпревари во плејофот со повеќе од 40 поени.
Спорт
(Видео) Рикелме го доближи Атлетико до ЛШ
Минијатурата на Родриго Рикелме во 5. минута на Балеарските Острови не само што му донесе победа на Атлетико Мадрид над Мајорка оваа сабота навечер, туку веројатно и му обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Без овие три бода, Атлетик Билбао би имал солидни шанси да го помине Атлетико во преостанатите четири кола од Ла Лига, но вака исходот од трката за четвртото место на табелата е речиси решен.
По третолигашкиот гол на 24-годишниот Шпанец и четвртиот вкупен гол сезонава, разликата меѓу двата црвено-бели клуба е шест бода.
Мајорка е во долниот дел на табелата, но има шест бода повеќе од Кадиз кој се наоѓа во опасната зона и извесно е дека финалистот во Купот на Шпанија ќе избори опстанок.
Rodrigo Riquelme’s goal! 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/5YARGEy6hx
— Atletico Universe (@atletiuniverse) May 4, 2024