Македонија
Рашковски реагира за начинот на кој се изведуваа комуникациите меѓу него и другите обвинети
Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, реагираше на начинот на кој се изведуваа комуникациите меѓу него и другите обвинети, за кои обвинителката Ивана Трајчева кажа дека се од апликацијата „Вибер“. Тој побара да се види патеката на ворд фајлот од каде се читаа пораките, за да се утврди каде е зачуван. Посочи дека со тоа ќе се утврди автентичноста. На ова реагираше обвинителката Ивана Трајчева, која рече дека пораките се презентираат од извештај направен од Истражниот центар на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од каде се издвоени пораките кои се докази од приватната комуникација.
„Може да ме казните, ама морам да го кажам тоа што мислам. Сакам обвинителката да го отвори ворд документот кој беше презентиран. Сакам да стои во записник дека кога одите на file-save as-“, а реагираше Трајчева: „Судија!“, а Рашковски додаде: „Нема судија, одете! Ве молам да се утврди дека комуникацијата не произлегува од рапортот кој е презентиран. Ве молам да го отвориме УСБ-стикот, бидејќи ако изведуваме треба да биде од УСБ-стик. Молам обвинителството да стави УСБ-стик во компјутерот. Јас можам да ја потсетам на многу работи обвинителката од 2009 година. Каде се тие два УСБ-стика? Барам да асе изведат овие два стика, да се стават во компјутерот на Обвинителството. Сме ги барале пет пати, не ги даваат. Барам ворд документот, во ‘пропертис’ и да видиме кога документот е креиран. Да видиме кој го креирал документот. Да видиме која е автентичноста на тој документ и барам ‘ворд’ документот каде што има слика, да видиме како е дојдена таму, дали е импортирана, како произлегува, дали од телефонот или од друго место. Кога тоа ќе го направиме може да збориме за изведување докази. Во спротивно, ова е приказна.. Јас знам многу убаво како пишувала обвинителката во 2009 година“, рече Рашковски.
По ова, Трајчева потенцираше дека се презентира извештај со пораки разменети помеѓу обвинетите, кои Обвинителството сметало дека се докази.
„Јас и на почетокот кажав дека е извештај, кажав за кои докази се однесува, а кажав и дека се изведува извештај од Истражниот центар на Обвинителството. Ова од причина што во уредот има комуникации коишто воопшто не се однесуваат на предметниот настан, има приватни комуникации. Па со оглед откако е прегледана целата содржина која е екстрахирани од уредите што ги наведов, Обвинителството има направено од тоа што обвинителството сметала дека е доказ. Ова е извештај, за да не се повреди приватноста“, објасни Трајчева.
Инаку, на денешното рочиште се презентираат комуникации за кои обвинителката Ивана Трајчева кажа дека се екстрахирани од телефоните одземени од обвинетите, меѓу кои е и Драги Рашковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

