Спорт
НЕ Е СОН: Македонија ја елиминира Италија и оди во финале против Португалците
Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија го елиминира европскиот првак Италија (0:1) во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Херој е Александар Трајковски кој постигна во 90.минута. Одиме во финале, против Португалија во Порто, на чекор до мундијалот.
Италија нападна од стартот, а Македонија создаде блок пред голот на Столе Димитриевски. Имаше и грешки, но во глобала функционираше добро.
По половина час дојде најсериозната опасност за Италија, и тоа по грешка на Столе Димитриевски. Македонскиот голман сакаше да додаде во средината, но топката стигна до Доменико Берарди, кој беше во одлична шанса. Тој шутираше кон празниот гол, но Столе Димитриевски успеа да ја исправи грешката и го одбрани ударот.
Дарко Чурлинов во 39.минута украде топка од дефанзибците на Италија, тргна сам кон голот на Донарума, но не издржа во спринтот и Флоренци стигна да ја одземе топката.
Во 45.минута, Македонија го упати првиот директен удар кон голот на Донарума. Барди го проигра Трајковски, кој шутираше од 20 метри, но Донарума одбрани.
„Инвазијата“ на Италија продолжи и во второто полувреме. Берарди беше најактивен. Се закани со два удари откосо од десната страна, а во 64.минута имаше одлична шанса, но во последен момент блокираше Алиоски.
Емерсон силно шутираше од 18 метри во 79.минута, но над голот на Македонија.
И дојдоа последните пет минути. Продолжение. Александар Трајковски шутира од 25 метри и го совлада Џанлуиџи Донарума.
БАРАЖ ЗА СП ВО КАТАР
ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-1 (0-0)
Стадион „Ренцо Барбера“ во Палермо. Судија: Клемон Турпан (Франција). Стрелец. Трајковски 90′ (Македонија). Ж.картони: Велковски (Македонија).
ИТАЛИЈА: Донарума, Флоренци, Мансини (89′ Кјелини), Бастони, Емерсон, Жоргињо, Верати, Барела (78′ Тонали), Берарди (89′ Жоао Педро), Имобиле (78′ Пелегрини), Инсиње (64′ Распадори).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски (86′ Ристевски), Муслиу, Алиоски, Адеми (60′ Спировски), Николов (60′ Ашковски), Барди, Чурлинов, М. Ристовски (72′ Миовски), Трајковски.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Trajkovski golpea al minuto 93 e Italia afuera del mundial.
pic.twitter.com/PcE9Ru8RuS— Fútbol Vertical (@futbol_vertical) March 24, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шампионот падна во Минеаполис – Минесота ја победи Оклахома
Ноќта помеѓу петокот и саботата ни донесе низа интересни натпревари во НБА лигата, а најинтересниот натпревар се одигра Минеаполис. Минесота Тајбервулвс славеа против лидерите во Западната конференција Оклахома Тандер со 112:107, со што ја прекинаа одличната серија на актуелниот бранител на титулата.
Ниту брилијантната игра на Шеј Гилџес-Александер не беше доволна за франшизата на Оклахома триумфално да се врати од Минесота.
Актуелниот МВП го заврши натпреварот со 35 поени. Канаѓанецот немаше доволна од соиграчите, пред се од вториот најдобар играч во тимот, Џејлен Вилијамс кој постигна 17 поени, па затоа е јасно во што лежи клучот за поразот на лидерот на Западот.
Од друга страна, Ентони Едвардс, со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока со три асистенции, беше најрасположен кај домаќините, кои и трет пат од почетокот на годината, како домаќини ја победија Оклахома.
Резултати:
Бостон – Мајами 129:116
Њујорк – Филаделфија 107:116
Атланта – Сан Антонио 98:126
Кливленд – Чикаго 125:136
Минесота – Оклахома Сити 112:107
Спорт
(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол
Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.
Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.
Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.
Anthony Joshua finally lands the knockout blow in round 6! #JakeJoshua pic.twitter.com/fLBZKhZW4Y
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) December 20, 2025
„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“
Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.
За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.
Двајцата боксери од борбата заработија по 92 милиони долари.
Foto: Profimedia
Спорт
(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот
Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од пенал во 35-та минута, преку Орослини.
Во пенал серијата, во херој се претвори голманот на Болоња, Раваља. Тој ги одбрани ударите на Бастони и Бони, а Барела шутираше над голот.
Финалниот натпревар се игра в понеделник од 20 часот. Противник на Болоња ќе и биде актуелниот првак Наполи.


