Спорт
Манчни ќе си поднесе оставка, Канаваро ќе биде новиот селектор

„На знам дали и понатаму ќе бидам селектор. Тешко ми е, ова е најтешкиот момент во мојот живот, не можам сега да размислувам за иднната“, изјави разочарано Роберто Манчини, по елиминацијата на Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Манчини, со Фудбалската федерација на Италија, има договор до 2026 година. Италијанската јавност очекува дека Манчини ќе поднесе оставка во вторник, по натпреварот со Турција.
Медиумите пишуваат дека Сојузот нема да му врачи отказ, туку дека тој ќе си поднесе оставка.
Ден по поразот од Македонија во Палермо (0:1), медиумите пишуваат дека новиот италијански селектор ќе биде Фабио Канаваро. Доколку се случи тоа, според овие извори легендарниот Марчело Липи ќе стане директор на националниот тим и ќе му помага на Канаваро.
Со Липи на клупата и Канаваро на теренот, Италија во 2006 година стана светски првак.
Тренерската кариера Канаваро ја започна во Кина, во еден период беше и селектор на репрезентацијата на оваа земја. Канаваро, во септември минатата година, си поднесе оставка и замина од Гуангжу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гиди останува во Чикаго за 100 милиони долари

Австралискиот бек Џош Гиди ќе остане во Чикаго Булс, франшизата со него потпиша четиригодишен договор вреден 100 милиони долари.
Договорот е загарантиран и нема опција за играч или тим во последната сезона. Гиди имаше најдобра сезона во кариерата со 14,6 поени по натпревар, осум асистенции и седум скока, а никој немал толку многу трипл-дабл во една сезона на Булс од 1980-тите и Мајкл Џордан.
Австралиецот, кој игра на позицијата плејмејкер со 203 сантиметри, треба да биде еден од главните играчи во Булс, а размената на Зак Лавин во Сакраменто отвори простор за него.
Гиди во текот на минатата сезона дојде во Чикао од Оклахома сити Тандер во трејдот за Алекс Карузо.
Спорт
(Видео) ВАР ја спаси Франција против Исланд, Португалците славеа во Будимпешта, Австрија победи кај БиХ

Многу возбудувања во квалификациите за Светското првенство 2026. Португалците славеа против Унгарија во Будимпешта во исклучително драматичен натпревар, Французите по пресврт славеа над Исланд во Париз, а Австрија на гостински терен славеше победа над БиХ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби дома од Австрија со 1:2. Един Џеко постигна гол за БиХ, додека Марсел Сабицер и Конрад Лајмер ги постигнаа головите за Австрија.
Ова беше прв пораз на Босна и Херцеговина во овие квалификации по четири победи. БиХ сè уште прва во Групата Х, но Австрија има натпревар помалку. Во истата група, Кипар и Романија одиграа нерешено 2:2.
Тесни победи забележаа Франција и Португалија.
Исланд поведе со 0:1 во Париз, но Французите успеаја да го свертат резултатот со головите на Мбапе и Баркола. По црвениот картон на Чуамени, Исланѓаните постигнаа гол во 89-та минута, но голот беше поништен.
Португалија славеше на гости против Унгарија. Барнабас Варга постигна два гола за домаќините, додека Бернардо Силва, Роналдо од пенал и Жоао Кансело за победа во 86.минута ги постигнаа головите за гостите.
Резултати
Франција – Исланд 2:1
Унгарија – Португалија 2:3
Босна и Херцеговина – Австрија 1:2
Кипар – Романија 2:2
Норвешка – Молдавија 11:1
Албанија – Латвија 1:0
Србија – Англија 0:5
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Норвешка спакува 11 парчиња во мрежата на Молдавија, се изедначи со Македонија на вечната листа

Норвашката репрезентација оствари рекордна победа од 11:1 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Норвежаните продолжија со совршениот настап во првите пет кола и сега имаат 15 бода со гол разлика од +21.
Натпреварот го одбележа феноменалниот Ерлинг Браут Халанд, кој постигна дури пет гола и додаде уште две асистенции, додека Мартин Одегард постигна еден гол со две асистенции. Блескаше и Тело Асгард, кој влезе во игра во 64-та минута и постигна четири гола до крајот на натпреварот. Еден гол постигна и Феликс Хорн Михре.
Интересно и голот за Молдавија го постигна репрезентативец на Норвешка, Лео Остигард си постигна автогол во 71.минута.
Со вечервашниот настап, Норвешка се приближи до европскиот рекорд, кога станува збор за квалификации за Светското првенство. Рекордер е Германија во 1970 година, го победи го победи Кипар со 12:0, а Норвешка се изедначи на второто место со Грција и Македонија.
Најголемите победи во историјата на европските квалификации за Светското првенство:
Германија – Кипар 12:0 (1969)
Норвешка – Молдавија 11:1 (2025)
Лихтенштајн – Македонија 1:11 (1996)
Унгарија – Грција 11:1 (1938)
Foto/ EPA