Црна хроника
Рибокрадци им се заканувале и фрлале со камења кон рибочувари

Двајца охриѓани рибокрадци кои биле фатени како нелегално ловат риба во Охридското Езеро им се заканувале и ги нападнале рибочуварите.
Охридската полиција поднесе кривична пријава против двајцата за незаконит риболов и загрозување на сигурноста. Инцидентот се случил на 16-ти јуни кај местото Грашница кадерибокрадците поставиле риболовна мрежа „крапарка“ во должина од 80 метри за да ловат риба незаконски. Тоа го направиле иако знаеле дека во тој период, поради мрест е забранет секаков вид риболов.Нелегално поставената рибарска мрежа, во 19,20 часот била забележана од страна на рибочуварите на концесионерот на Охридското Езеро, по што, согласно Законот за рибарство и аквакултура, биле преземени мерки за вадење на мрежата. Кога рибокрадците забележале дека ја вадат мрежата, со чамец се упатиле кон пловилото на двајцата овластени службени лица. Едниот рибокрадец им упатил закани на двајцата рибочувари дека ќе ги нападне, ќе им ги запали возилата и ќе им наштети на нивните деца. Веднаш потоа почнал да фрла со камења со што на двајцата рибочувари, сакајќи да ги заплаши им ја загрозил сигурноста при вршење на службата. Двајцата пријавени се познати сторители на кривичното дело „незаконит риболов“, за што повеќепати се казнувани со затворски и парични казни. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.