Контакт

Свет

(Oд минута во минута) Експлозии во Лавов, Бајден во Полска го нарече Путин крвник

Објавено пред

Денеска е 30-ти ден од руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

  • Џо Бајден денеска го нарече својот руски колега Владимир Путин крвник. Кремљ одговори дека Бајден е тој кој јавно на телевизија барал да се убиваат Југословени
  • Бајден се сретна со двајца украински министри
  • Во обраќање во Варшава Бајден рече дека „Путин не може да остане на власт“, реагираше Кремљ: За тоа нема да одлучи господинот Бајден. Тоа може да биде само избор на народот на Руската Федерација
  • Русија објави снимка од министерот за одбрана за кој Украинците тврдат дека имал срцев удар
  • Украина тврди дека се договорени 10 нови хуманитарни коридори
  • Руските сили ја презедоа контролата врз градот Славутич во близина на нуклеарната централа Чернобил
  • Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, објави дека градот бил нападнат
  • Руските олигарси се добредојдени во Турција, но тие мора да го почитуваат меѓународното право кога работат, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу
  • Јапонскиот премиер: Се’ поверојатно е дека Русија ќе користи нуклеарно оружје

Најновите вести од минута во минута следете ги на Макфакс:

21:00 Во Мариупол веќе нема храна за децата, вели заменик градоначалникот

Заменик-градоначалникот на опколениот Мариупол, Сергеј Орлов, изјави за Би-Би-Си дека луѓето во градот почнуваат да умираат од глад и дехидрација бидејќи залихите на храна и вода се на многу ниско ниво, а хуманитарната помош не може да влезе во градот.

„Некои умираат од глад и дехидрација. Некои умираат од недостаток на лекови, инсулин… умираат затоа што не можат да стигнат до здравствена заштита“, рече Орлов.

20:33 Радев: Нема да дозволам Бугарија да се вклучи во конфликтот во Украина

Нема да дозволам Бугарија да се вклучи во конфликтот во Украина, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев. Тој одговори на прашањето дали само Бугарија и Унгарија не и’ испратиле оружје на Украина: „Како шеф на државата нема да дозволам Бугарија да биде вклучена во овој конфликт. Јас сум избран да ја бранам безбедноста на Бугарите и мирот во Бугарија. Цената на војната ја плаќаат граѓаните, а не оние кои проповедаат на телевизија“, рече шефот на државата.

20: 22 Ракетите кон Лавов истрелани од Крим, вели градоначалникот

Андриј Садовји, градоначалникот на Лавов, изјави дека ракетите што денеска го погодија тој град на западот на Украина се истрелани од Севастопол на украинскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Тој додаде дека во нападот нема загинати. Ракетите го погодиле складиштето за гориво, изјави гувернерот Максим Козицки.

20:18 Белата куќа: Претседателот Бајден не зборуваше за промена на режимот

Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој во денешниот говор во Варшава рече дека „Путин не може да остане на власт“, ​​гласно одекна низ светот.

Белата куќа тврди дека Бајден не зборувал за промена на режимот во Москва.

„Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да има моќ над соседите или во регионот. Тој не го коментираше владеењето на Путин во Русија или промената на режимот“, изјави претставник на Белата куќа за The Wall Street Journal.

19:50 Кремљ веднаш одговори на изјавата на Бајден дека Путин не може да остане на власт

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков реагираше на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека „Путин не може да остане на власт“.

„За тоа нема да одлучи господинот Бајден. Тоа може да биде само избор на народот на Руската Федерација“, рече портпаролот на Путин.

18:50 Бајден во Варшава: Војната нема брзо да заврши, подгответе се за долга борба

Тој предупреди дека војната во Украина нема брзо да заврши, додавајќи дека луѓето „мора да се подготват за долгата борба што претстои“. Оваа борба нема да заврши во наредните денови или месеци, рече Бајден.

„Русија ја задави демократијата. Тврдењето на Путин дека ја денацизира Украина е непристојно“, рече тој.

18:32 Бајден држи говор во Варшава

Американскиот претседател Џо Бајден им се обраќа на Полјаците пред Кралската палата во Варшава.

17:47 Кремљ реагира на навредите на Бајден: „Тој јавно бараше убивање на Југословени“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е изненаден од обвинувањата на американскиот претседател Џо Бајден до Владимир Путин, нарекувајќи го крвник.

„На крајот на краиштата, тој е човек кој во еден момент, зборувајќи пред телевизиските камери, бараше да се бомбардира Југославија. Така е, тој бараше бомбардирање на Југославија. Бараше да се убиваат луѓе“, рече Песков за ТАСС.

17:17 (Видео) Три силни експлозии во Лавов, градоначалникот: Нападнати сме

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, објави дека градот бил нападнат по извештаите за експлозии.

Гувернерот Максим Козитски изјави дека во градот се слушнале три силни експлозии. На истокот од областа може да се забележи густ облак од чад.

17:12 Бајден во Полска: Путин е крвник

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го нарече својот руски колега Владимир Путин крвник, на средбата со украинските бегалци во Варшава.

Прашан што мисли за Владимир Путин, Бајден накратко рече: „Тој е крвник“, додека средбата беше пренесувана во живо на телевизиските мрежи од Националниот стадион во Варшава.

Ова не е првпат американскиот претседател остро да го критикува Путин, кого го смета за главен виновник за руската инвазија на Украина. Последните денови двапати го нарече воен злосторник.

16:53 Руските олигарси се добредојдени во Турција

„Доколку руските олигарси или било кој руски граѓанин сакаат да ја посетат Турција, се разбира дека можат да го направат тоа. Дали олигарсите можат да работат во Турција? Ако тоа е легитимен бизнис што не е спротивен на меѓународното право, тогаш ќе го разгледаме“, рече Чавушоглу.

16:18 Јапонскиот премиер: Се’ поверојатно е дека Русија ќе користи нуклеарно оружје

Јапонија, единствената земја која некогаш била нападната со нуклеарно оружје, редовно предупредува на употреба на такво оружје. Кишида денеска во придружба на американскиот амбасадор Рам Емануел го посети споменикот на жртвите од атомската бомба во Хирошима.

16:00 Украинскиот министер за средбата со Бајден: Американско оружје и украинската издржливост – ова е рецептот за успех

„Отпорноста на Украина и западното оружје, главно американското оружје – ова е рецептот за успех на бојното поле“, рече Кулеба.

15:00 Британија му конфискува два авиони на руски олигарх

Британската влада заплени два приватни авиони во сопственост на рускиот олигарх и нафтен тајкун Јуџин Швидлер.

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс рече дека „Пријателите на Путин не треба да уживаат во луксуз додека умираат невини луѓе во Украина“.

Швидлер е на списокот со санкции поради неговите деловни врски со сопственикот на Челзи, Роман Абрамович. Неговата нето вредност се проценува на 1,45 милијарди евра, објави британската влада. Запленетите авиони се проценуваат на околу 55 милиони евра.

14:34 Бајден: Најважно е НАТО да остане апсолутно обединет

Американскиот претседател Џо Бајден за време на разговорите со полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека мирот во Европа е директно поврзан со стабилноста во САД.

„Способноста на Америка да ја исполни својата улога во другите делови на светот почива на обединета, безбедна Европа. Научивме од тажното искуство од двете светски војни, кога не бевме вклучени во стабилноста во Европа. Секогаш се враќа и не прогонува“, рече Бајден.

14:00 (Видео) Русите објавија снимка од уништување на противракетен систем кај Киев

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили со високопрецизно ракетно оружје го уништиле украинскиот противвоздушен ракетен систем Бук во регионот на Киев.

„Ракетниот напад го изврши оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер“, а контролата на ударот ја изврши дрон. Системот за противвоздушна одбрана е уништен со прецизен удар во целта“, соопшти Министерството.

Претходно руската армија објави дека извршила нови ракетни напади врз воени цели во западна, централна и југозападна Украина.

13:54 Бајден се сретна со двајца украински министри во Варшава

Американскиот претседател Џо Бајден се сретна со украинскиот министер за надворешни работи и министерот за одбрана во Варшава. Oва е прва средба на Бајден со високи украински претставници од почетокот на војната. Тој разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на долга маса на која присуствуваа и украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, американскиот државен секретар Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин.

Кулеба и Резников пристигнаа во Варшава ненајавено. Средбата се одржа во салата на хотелот во Варшава каде Бајден ја помина ноќта и се вееја украински и американски знамиња.

Четворицата министри „разговараа за исходот од самитот на НАТО на 24 март во Брисел и непоколебливата посветеност на Соединетите Држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

13:25 Бајден присуствуваше на министерски состанок во Полска

На вториот ден од посетата на Полска, американскиот претседател Џо Бајден присуствуваше на состанокот во Варшава меѓу американскиот државен секретар Антони Блинкен и неговиот секретар за одбрана Лојд Остин со нивните украински колеги, соопшти Белата куќа.

Ова е прва средба на американските министри со украинските колеги од почетокот на руската агресија.

13:10 Кличко го откажа продолжениот полициски час

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го откажа продолжениот полициски час планиран за главниот град.

„Полицискиот час ќе остане нормален – од 20 до 7 часот. Во недела попладне ќе може да се движи низ главниот град и регионот“, рече Кличко.

12:44 Рускиот министер за одбрана се појави во јавноста откако Украина тврдеше дека доживеал срцев удар

Претходно Украинците тврдеа дека Шојгу доживеал срцев удар, а пласирана беше и теорија за наводна расправија со рускиот претседател, Владимир Путин.

12:10 Русите зазедоа град кај Чернобил

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Славутич, каде што живеат работници во нуклеарната централа во Чернобил, изјави гувернерот на Киевската област Александар Пављук.

Според Ројтерс, тој рекол дека руските војници ја окупирале болницата во Славутич и го киднапирале градоначалникот. Британската новинска агенција соопшти дека не може независно да ги потврди извештаите.

11:44 Украина: Денеска ќе го вратиме Херсон 

Синоќа, американските воени претставници тврдеа дека Русија ја изгубила контролата над Херсон – првиот град што беше окупиран од руски војници. Сега еден украински функционер тврди дека украинските сили денеска ќе го вратат градот.

Маркијан Лубкивски, советник на министерот за одбрана, за Би-Би-Си Радио рече: „Верувам дека денес градот целосно ќе биде под контрола на украинските вооружени сили.

11:30 Украина: Постигнат е договор за десетина хуманитарни коридори

Заменичката на украинскиот премиер Ирина Верешчук рече дека е постигнат договор за десет хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од опколените украински градови.

Во телевизиско обраќање, Верешчук рече дека цивилите кои се обидуваат да го напуштат Мариупол во јужна Украина ќе мора да го сторат тоа со приватни возила, бидејќи руските воени сили не дозволуваат автобуси да минуваат низ контролните пунктови на пат кон пристанишниот град.

11:00 Нов полициски час во Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, воведува нов полициски час во главниот град на Украина. Полицискиот час ќе трае од вечерва во 20 часот по локално време до 8 часот во понеделник.

Кличко вели дека одлуката ја донела украинската армија.

10:50 Воен аналитичар: Русите треба да одлучат како понатаму, бидејќи ова сега нема да ги однесе никаде

Првичната стратегија на Русија во Украина не успеа и нејзината војска сега мора да одлучи што да прави понатаму, изјави висок воен аналитичар за Би-Би-Си.

Филипс О’Брајан, професор по стратешки студии на Универзитетот Сент Ендрјус, рече дека многу странски набљудувачи тргнале по „полесниот пат“ со претпоставката дека руската воена супериорност ќе надвладее во војната. Сепак, тоа било погрешно, бидејќи тие не го зеле в предвид прашањето дали руските војници се подготвени да ризикуваат, рече тој. Во исто време, капацитетите на Украина биле потценети, додаде.

10:10 Зеленски: Русија потроши милијарди на лаги и пропаганда

„Онаму каде што патот на лагата мора да биде поплочен со пари, резултатот не е сигурен“, рече Зеленски

10:00 Белата куќа: Бајден ќе го повика слободниот свет да застане против Путин

Американскиот претседател Џо Бајден во говорот од Полска ќе истакне дека „слободниот свет“ се противи на руската инвазија на Украина и дека постои единство меѓу големите економии за потребата да се запре Владимир Путин, соопшти Белата куќа.

Претходно Белата куќа соопшти дека Бајден во Полска ќе одржи важен говор.

09:53 Фотографии од цивили кои бегаат од Мариупол

Нови фотографии од цивили кои бегаат од Мариупол пристигнуваат од Украина. Дел од автомобилите се оштетени, а на некои пишува „деца“.

09:47 Зеленски до производителите на нафта: Зголемете го производството

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика земјите производители на нафта и гас да го зголемат производството за да не може Русија да ја користи својата нафта и гас за да уценува други нации, пишува Ројтерс.

09:45 Сирени за тревога се огласија во повеќе градови

Сирените за воздушни напади се огласија во многу градови низ Украина, објавија локалните медиуми. Некои од градовите каде се слушаат сирени за тревога се Киев, Черкаси и Кропивницки во централна Украина, Запорожје и Днепар на југоисток, Житомир на исток и Харков и Суми во североисточните региони на Украина.

09:30 Медведев: Западните санкции ќе го консолидираат руското општество

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на ОН, Дмитриј Медведев, изјави дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај владата.

09:00 Во Украина од почетокот на војната загинале 136 деца, велат од украинското обвинителство

Од почетокот на руската инвазија врз Украина досега загинале 136 деца, се наведува во соопштението на Украинското државно обвинителство, пренесоа британските медиуми.

Од нив, 64 биле убиени во регионот на Киев, а 50 во регионот на Доњецк.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“

Објавено пред

Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.

dobivaj vesti na viber

Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.

Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци

Објавено пред

Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

Прикажи повеќе...

Свет

Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.

dobivaj vesti na viber

Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.

За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.

Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.

Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.

Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.

Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.

Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.

„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.

Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ6 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија8 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија9 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ9 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија9 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија9 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа11 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет13 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет13 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет13 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет13 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа13 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија23 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет24 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...