Македонија
(Видео) Ковачки: Никаде во Извештајот на ГРЕКО нема препорака за унапредување во МВР без критериуми и по 3 скалила одеднаш
																								
												
												
											Лагите на СДСМ и Оливер Спасовски повторно се распукаа како меур од сапуница. Еве го извештајот и препораките од ГРЕКО. Никаде во препораките нема насока министерот да може да унапредува по 3 места одеднаш, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„ СДСМ и Спасовски повторно со лаги и измами, криејќи се зад наводни препораки, вметнуваат деструктивни решенија во законите. Ова се штетни решенија кои наместо да бидат во функција на спречување на корупцијата и партизацијата, тие се катализатор на истите.
Со уништувањето на системот за кариера кој беше граден со помош и на ЕУ, односно преку озаконувањето на унапредување на вработените без критериуми и тоа за 3 скалила одеднаш, се СТИМУЛИРА корупцијата во високите редови на МВР и се врши партизација до најниските нивоа во министерството.
На овој начин, лице поставено како водич на безбедносен реон во полициска станица со чин помлад инспектор, ќе може директно да биде назначено за командир на полициската станица.
Или второ, лице – самостоен инспектор, вработено во некој сектор на Одделот за организиран криминал во МВР во кој има Одделенија и Сектори, преку ноќ, со потпис на Спасовски ќе може да биде назначено за началник на целиот Оддел, т.е. да им стане началник на сите дотогашни началници на одделенија и сектори во рамките на тој Оддел што брои неколку стотици луѓе“ рече Ковачки.
Тој нагласи дека Спасовски е должен да и објасни на македонската јавност, зошто за безбедноста на граѓаните ќе се грижат лица без потребните компетенции и без искуство и дали се тоа европските вредности за кои се залагаат.
„ Вакво штетно законско решение не постои никаде во Европа. СДСМ прави преседани за во иднина и истите ќе имаат влијание на професионалноста и меѓучовечките односи во МВР, а со тоа и на безбедноста на државата“ рече Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

