Контакт

Вести

Тајван бара од Google да замагли сателитски снимки од погони во Јужнокорејското Море

Објавено пред

Тајванското министерство за одбрана соопшти дека побарало од Google да ги замагли сателитските снимки кои го покажуваат оно за што експертите се сметаат дека се тајвански воени погони на Иту Абе, единствениот тајвански остров во спорните води на Јужнокорејското Море.

dobivaj vesti na viber

Откривањето на изградбата на новите воени погони би ги зголемило тензиите на овој спорен поморски пат, во кој изградбата на вештачки острви и гребени со пристаништа и писти за авиони од страна на Кина ги загрижува другите земји кои сметаат дека имаат право на таа област, како и нивниот сојузник САД.

Снимките на Google Earth покажуваат четири тројни структури сместени во полукруг кај северозападниот брег на Иту Абе, преку надградената писта и неодамна изграденото пристаниште во кое може да пристануваат фрегати со носивост од 3.000 тони.

„Под услов на заштита на воени тајни и безбедност, баравме Google да ги замагли снимките на важните воени погони“, изјави портпаролот на тајванското министерство а одбрана Ченг Чунг-чи, откако локалните медиуми објавија снимки на островот./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Костадиновски по укинувањето на балансерот: Ако јас како мнозинство добијам 100 поени, а вие како малцинство 40 и вие ја добиете предноста, дали ќе имаме стручен јавен сектор

Со мнозинство гласови денес Уставниот суд укина делови од одредбите одредби на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за...

Македонија11 часа

Шеесетмина се затруле на Воената академија, Мисајловски, место храна, сега им исплаќа пари

Вкупно 60 луѓе се затруле од храната на Воената академија минатиот месец, извести денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во...

Свет12 часа

(Видео) Егзодус на Флорида, илјадници бегаат, заглавени на патиштата, без гориво

Денеска е последниот ден за жителите на Флорида да се евакуираат или да се предадат пред ураганот Милтон од петта...

Македонија13 часа

Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасошот, вели СДСМ

„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но...

Македонија13 часа

„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево – Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои...

Европа13 часа

Украински историчар: Зеленски е сакан во странство, но презрен дома

Јарослав Хрицак, професор по историја на Универзитетот во Лавов, во интервју за Corriere della Sera зборуваше за слабостите на украинскиот...

Свет14 часа

(Видео) Предупредувања до жителите на Флорида: Бегајте или ќе умрете

Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи...

Свет16 часа

(Видео) Научници влетаа во центарот на монструозниот ураган: камерата сними нереални сцени

Ураганот Милтон се движи низ Мексиканскиот Залив и се поблиску до Флорида. Ударот се очекува во текот на среда, а...

Топ1 ден

МВР за трагедијата во Слатино: Сопругот ќе биде дополнително испитуван

Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на...

Топ1 ден

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино, таткото и малолетниот син пренесени во болница

Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму...

Топ1 ден

Скопјанка го пријавила роднината за полово вознемирување врз малолетната ќерка: ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа

Вчера во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја...

Македонија1 ден

Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови

На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми...

Топ1 ден

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во Општина Тетово

Вчера, во 20.15 часот, на улицата Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот...

Македонија1 ден

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по...

Свет1 ден

(Видео) Метеоролог се расплака додека ја објаснуваше големината на ураганот Милтон: Ова, едноставно, е страшно

Ураганот Милтон бргу зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот Залив во САД, објави американскиот Национален...

Македонија1 ден

Очекувавме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе праша за одземеното оружје од југословенската армија на средбата со српскиот премиер, вели партијата на Љубчо Георгиевски

„ВМРО-Народна партија беше во очекување и голема надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ која демонстрира достоинствена политика на исправена кичма...

Македонија2 дена

Ниски цени и недоволна транспарентност при продажба на државно градежно земјиште, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива...

Регион2 дена

(Видео) Протест во Албанија, луѓето фрлаа „молотови коктели“, полицијата солзавец

Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, за да протестираат против владата. Демонстрантите го повикаа...

Економија2 дена

Министерката Димитриеска-Кочоска во Унгарија, ќе го потпише договорот за заем од 500 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише...

Свет2 дена

(Видео) Ловците на урагани направија снимка од смртоносната бура што ѝ се заканува на Флорида

Застрашувачката снимка е објавена на мрежите, а на неа се гледаат т.н. ловци на урагани, кои летаат веднаш до разорниот...