Спорт
Судијата Хацеган имал срцев удар

Познатиот фудбалски судија од Романија, Овидиу Хацеган (42), бил итно опериран во Темишвар откако доживеал инфаркт. Романските медиуми објавија дека на Хацеган му се слошило во текот на тренингот.
Хацеган почувствувал болка во градите и бидејќи е доктор по професија, веднаш побарал лекарска помош во болницата во Темишвар.
Кога било утврдено дека има затната вена, на Хатеган му бил вграден стент. Неговата состојба сега е стабилна. Тој уште неколку дена ќе остане во болницата во Темишвар.
Хатеган пред десет дена го судеше натпреварот во Лига Европа, Лион – Порот. Претходно, беше главен судија на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампините помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Левандовски заминува од Барселона по завршувањето на сезоната

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона по крајот на оваа сезона, открива каталонски „Спорт“. 37-годишниот полски напаѓач оваа сезона во Ла Лига има седум настапи и четири голови, но сѐ почесто се наоѓа на клупата поради фаворизирањето на Феран Торес.
Во Барселона веќе се разгледуваат потенцијални наследници, а најчесто споменуван е 21-годишниот Карл Ета Ејонг од Леванте.
Левандовски пристигна во Барселона во 2022 година, по одличните настапи во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, со кој во 2020 година освои тројна круна под водство на сегашниот тренер на Барса, Ханси Флик.
Спорт
Селекторот на Казахстан: Македонија е силна селекција

Македонија утревечер игра важен квалификациски натпревар против Казахстан, на кој цели кон нов триумф и продолжување на позитивната серија во овој циклус. Селекторот на гостите, Талгат Бајсуфинов, сепак, потенцираше дека неговиот тим ќе даде сè од себе за добар резултат во Скопје, но призна дека Македонија е фаворит.
„Македонија е силна селекција и знаеме колку ѝ значи овој меч, но ние ќе се бориме за позитивен исход. Против Лихтенштајн имавме среќа и се надевам дека ќе имаме слична ситуација и утре. Првиот меч со Македонија покажа дека можеме да пропуштиме многу шанси, но сега реализацијата ни е подобрена. Ќе се обидеме да освоиме колку што можеме повеќе бодови до крајот на квалификациите, и тоа важи и за утрешниот натпревар“, изјави Бајсуфинов.
Во првиот меѓусебен дуел, Казахстан го предводеше Али Алиев, кој по поразот од Белгија со 6-0 си поднесе оставка.
Спорт
Тренерот на Црвена Звезда ќе биде нов селектор на Србија?

Актуелниот тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, според ексклузивни информации на „Спортски журнал“, ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Србија.
Иако меѓу потенцијалните наследници се споменуваше и Вељко Пауновиќ, „Спортски журнал“ открива дека изборот паднал на Милојевиќ, кој ќе биде официјално потврден на седницата на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија закажана за 17 октомври.
Одлуката доаѓа само еден ден по оставката на Драган Стојковиќ – Пикси, кој се повлече по поразот од Албанија (0-1) во Лесковац, резултат што практично ја затвори вратата за Србија за пласман во баражот за Светското првенство 2026.
Интересно е што Милојевиќ ќе ја комбинира новата функција со сегашната на клупата на Црвена Звезда, до зимската пауза ќе продолжи да го води клубот во Суперлигата и Лигата на Европа, по што клубот ќе добие нов тренер.
Дебитантскиот настап на Милојевиќ како селектор треба да биде на големиот дуел со Англија на „Вембли“ на 13 ноември.