Македонија
BtoBet засади 1.500 дрвца во волонтерска екоакција
Вработените на македонската компанија BtoBet го одбележаа почетокот на пролетта со волонтерска екоакција за пошумување во едно од најубавите места во нашата земја, Бислимската Клисура. Тимот од речиси 50 вработени им се придружи на локалните жители во акцијата за раззеленување на околината на селото Пчиња и засади вкупно 1.500 дрвца во близина на клисурата.

„Навистина нѐ прави среќни што како тим на овој начин можеме да дадеме заеднички придонес за зачувување на животната средина. Нашата земја изобилува со прекрасни предели што треба да ги заштитиме и чуваме и токму затоа одлучивме со оваа акција како екоодговорна компанија да влијаеме врз зголемување на јавната свест за важноста на зачувување на природата истовремено негувајќи го тимскиот дух. Цврсто веруваме дека промовирањето корпоративни практики од овој вид е особено значајно бидејќи сечиј индивидуален, навидум мал придонес, резултира со голем колективен успех“, изјави управниот директор на BtoBet, Зоран Спасов-Ѕоф.

Покрај позитивното влијание врз животната средина, иницијативата на компанијата е од особена важност и за развојот на домашниот туризам имајќи предвид дека Бислимската Клисура по своите карактеристики е едно од најинтересните и живописни места во Македонија. По акцијата за пошумување, вработените во BtoBet имаа можност да дознаат повеќе за одгледувањето и производството на сончоглед и грав во земјата бидејќи во селото Пчиња живее семејство кое е најголем производител на бел сончоглед и грав во нашата земја.

Инаку, оваа акција е дел од општествено одговорните активности на компанијата и начин за враќање на заедницата во која таа дејствува. На почетокот од оваа година тимот на BtoBet даде свој придонес и кон неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ приготвувајќи оброци за социјално загрозените граѓани и промовирајќи солидарност и споделување со оние на кои тоа им е најпотребно.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово
Сообраќајот на патниот правец P1105 – Удово – Валандово, кој поради излевање на Калковска Река беше во прекин, е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 05:25 часот и се пренасочуваше на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

