Култура
Изложба на фотографии „Париз, Ла Дефанс“ во Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје известува дека во излогот и во внатрешниот дел на Институтот е поставена изложбата на фотографии „Париз, Ла Дефанс“ на фотографот Александар Кондев.
Изложбата се состои од 6 фотографии и е поставена по повод одбележувањето на франкофонијата.
Фотографиите, како што информираат од таму, се реализирани во декември 2021 година за време на престојот на уметникот во Париз и тие го заокружуваат циклусот фотографии со наслов „Франција“, реализирани во периодот од 1993 до 2021 година.
Александар Кондев е роден 1950 година во Скопје, каде што гоапочнува своето школување. Уште во основното училиште се запознава со фотографијата и фотографската техника. Од најмала возраст активно учествува на натпревари по фототехника, на кои освојува награди.
Нагласената индивидуалност го насочува неговиот интерес кон филмот и анимацијата, како и за експериментите во играниот и докуметарниот филм. Со неговиот прв игран филм „Ден како секој ден“ ја освојува наградата за дебитантски филм на Републичкиот фестивал на аматерскиот филм во Скопје во 1967 година. Паралелно работи на анимации и на експериментални филмови.
Додека студира на Економскиот факултет, продолжува со ангажманите во врска со фотографијата како член на фотоклубот „Вардар“ во Скопје. Зема учество на многубројни изложби во тогашна Југославија и во странство. Првата самостојна изложба ја реализира во 1977 година во галеријата на Домот на младите „25 Мај“ во Скопје.
Во периодот 2001 до 2016, покрај професионалниот ангажман во фотографијата, учествува на повеќе домашни и странски изложби, работи како предавач на семинари за фотографија, како член на жири и куратор на повеќе изложби. Дејствува во областа на културата, работи на книги, монографии и на пропагандни материјали. Куратор е на повеќе фотографски изложби и организатор на семинари во рамките на Скопско лето.
Во 2015 година имаше голема ретроспективна изложба во Националната галерија на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Сашко Мицевски e новиот директор на Агенцијата за филм

Владата го именува Сашко Мицевски за нов директор на Агенцијата за филм.
Тој доаѓа на местото на Вероника Бучковска, која беше именувана на 17 декември минатата година.
Мицевски на оваа позиција доаѓа од филмската бранша, а во текот на годините работеше како филмски и ТВ-монтажер и дизајнер на звук. Студирал филмска и ТВ-монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2015 година како добитник на стипендија од Министерството за образование и наука заминува на постдипломски студии на престижната National Film and Television School во Англија, каде што учи од етаблирани професионалци, како Graham V. Hartstone (Blade Runner, Aliens), Andy Kennedy (The Crown, Game of Thrones, Harry Potter) и Roger Deakins (Sicario, Skyfall, „1917“) и работи на филмови прикажани на реномирани меѓународни фестивали.
Неговото професионално искуство опфаќа работа во Англија на проекти за Би-би-си и филмови во продукција на Pinewood Studios (Sherlock Gnomes, Mowgli, Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald и Birdbox), како и авторски ангажмани во постпродукција на македонски аудиовизуелни дела, меѓу кои и ТВ-сериите „Преспав“ и „Куќен притвор“.
Добитник е на многубројни награди, меѓу кои награда од Royal Television Society и номинација за Daytime Emmy.
Во 2020 година со сопствени средства го обновува тонското студио на НУФЦ „Вардар филм“, а од истата година е и член на Филмскиот совет на Агенцијата за филм.
Култура
„Вечер на шлагери“ на Скопско лето 2025

На 22 јуни, недела, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт „Вечер на шлагери“ – 20 години СПОНА, со почеток во 20:30 часот на Платото пред Македонскиот народен театар.
Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, а водител на настанот Вера Јанковиќ.
На сцената ќе настапат Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов.
Култура
Отворање на Скопско лето 2025

На 21 јуни, сабота – првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката – ќе се отвори 46. издание на фестивалот „Скопско лето“.
Во 19 часот во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ на нашиот реномиран уметник Томе Аџиевски.
Трагајќи по топосите на источноевропската авангарда, авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. Во „забранетата зона“ од филмот тој препознава многу сличност со „менталната зона“ денес во Македонија. Уметникот ќе раскаже 5 визуелни приказни за первентираната перцепција кон вистината што перманентно ни се случува од бившата држава па сè до денес. Публиката ќе биде вовлечена во „Зона фобија“ рушевина од старата железничка станица сместена меѓу модерни облакодери. Утопија среде антиутопија, вистинска метафора за нашиот постземјотресен менталитет.
На изложбата симболично ќе бидат раздавани каталози од разни изложби на авторот по симболична цена, а собраните средства ќе бидат донирани на Здружението за заштита на животните „Anima Mundi“.
Во 20:30 часот во Салата на Македонската Филхармонија ќе се одржи концерт насловен „Мостови на музиката: Софија – Скопје“. На сцената ќе настапат Академскиот оркестар „Панчо Владигеров“ од Националната музичка академија – Софија, како и млади диригенти и музички уметници од Македонија и Бугарија.
Диригенти: Ана Спасовска и Николаи Хилендаров
Солисти: Јана Каевска – флејта, Марија Магдалена Желјазгова – флејта, Санја Јович Джорджевич – виолина, Тодор Иванов – виолончело, Искра Атанасова – Митуш – пијано и Николај Маринов – пијано.
На концертот ќе бидат изведени дела од А. Вивалди, В.А. Моцарт, Ф. Лист, П.И. Чајковски.
Една сцена. два града, еден заеднички јазик – музиката. Концерт што го слави музичкото пријателство и креативната соработка меѓу млади уметници од регионот. Очекувајте вечер исполнета со енергија, инспирација и уметност без граници!
Влезот е слободен.