Спорт
МВП партија на Јокиќ, Денвер славеа во Шарлот – Вориорс паднаа во Мемфис

Денвер Нагетс славеа во Шарлот со 113.109, речиси ја обезбедија шестата позиција пред почетокот на плејофот, а до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе се обидат да ја престигнат Јута на петтото место. Јуа има само една победа повеќе од Денвер.
Нагетс победија на 23.натпревар на гостински терен од почетокот на сезоната, што претставува рекорд на франшизата.
До триумфот ги предводеше Никола Јокиќ со 19.трипл-дабл во сезоната. Српскиот центар натпреварот го заврши со 29 поени, 19 скокови и 11 асистенции.
Изминатата ноќ победа на својот тим му донесе и сонародникот на Јокиќ, Богдан Богдановиќ. Атланта Хокс победија во Индијанаполис со 132:123. Богдановиќ против Индијана постигна 29 поени, Клинт Капела го следеше со 22 поени и 15 скокови.
Голден стејт Вориорс го запишаа четвртиот пораз на последните пет натпревари. извесно е дека Вориорс во пелјофот ќе влезат од третата позиција на Западот. Изминатата ноќ, Вориорс доживеаја пораз од Мемфис Гризлис 123.95.
Без најдобрите играчи Кари, Грин, Томпсон, Голден стејт немаа шанси против Мемфис. Џордан Пул беше најефикасен со 25 поени.
Мемфис го предводеа Бејн со 22, односно Мелтон и Брукс со по 21 поен.
Резултати:
Кливленд-Орландо 107:101
Мајами-Сакраменто 123:100
Њујорк-Чикаго 109:104
Торонто-Бостон 115:112
Хјустон-Сан Антонио 120:123
Портланд-Оклахома 131:134.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шефот на Мекларен: Ферстапен е во право

Андреа Стела, шефот на Мекларен во Ф1, рече дека Макс Ферстапен бил во право кога зборувал за „папаја“ тимот.
Оваа сезона, како што сите очекуваа, Мекларен е најдоминантниот тим со 11 победи во 14 одржани трки и тие имаат значителна предност и во битката за титулата кај возачите и конструкторите.
Со десет трки што остануваат до крајот на сезоната, Мекларен се чини дека има сè во свои раце за двојна круна, а Ферстапен неодамна тврдеше дека „папаја тимот“ има голема предност во кривините.
„Тоа е едноставно лесен одговор кога ќе ги погледнете податоците. Само споредете ги брзините на кривините (ниски и средни брзини) и ќе видите колку е брз Мекларен. Значи, Макс Ферстапен е во право“, рече Андреа Стела.
И покрај нивната доминантна позиција, шефот на Мекларен вели дека до успехот нема да дојдат по пократок пат.
„Сè уште имаме слаби точки. Да ги погледнеме кривините каде што влегувате со голема брзина, како Копс во Силверстоун или Пуон во Спа. Не сме најбрзи. Сепак, ги знаеме кривините каде што се освојуваат титули и таму сме најбрзи“, рече Стела.
Спорт
Манчестер јунајтед го отпиша Хојлунд

Манчестер јунајтед го отпиша Расмус Хојлунд (22), данскиот напаѓач кого го донесе од Аталанта пред две години за речиси 80 милиони евра.
Данецот не беше во составот за вчерашниот натпревар против Арсенал во Премиер лигата. На овој начин менаџерот Рубен Аморим и клубот му испратија јасна порака дека за него нема место на „Олд Трафорд“.
Јунајтед е отворен и за перманентен трансфер и за позајмица, а Хојлунд ќе ги разгледа достапните опции, известува Лори Витвел. На 95 настапи, тој постигна 26 гола за Јунајтед.
Најголем интерес за Хојлунд покажува Милан, а според некои медиуми не се исклучува можноста тој да се врати во Аталанта.
Спорт
(Видео) Дебакл на Сантос, Нејмар со плачење го напушти теренот

Синоќа, Сантос претрпе тежок пораз од Васко де Гама со 0:6 на домашен терен, 20-то коло од елитниот ранг на бразилското првенство. Резултатот влезе во историјата како највисока победа на Васко над Сантос и најголема гол-разлика во речиси сто години од натпреварите на овие клубови.
Гостите од Рио де Жанеиро поведоа во 18-та минута со голот на Лукас Питон. Домашната одбрана потоа се распадна: Давид постигна гол во 52-та, Филипе Кутињо во 54-та и 61-та, Рајан постигна гол од пенал во 59-та, а Тче Тче ги постави конечните 0:6 во 67-та минута.
Победата го извлече Васко од зоната за испаѓање, а Сантос остана два бода над нив. Нејмар, најголемата ѕвезда на Сантос на теренот не можеше да ги скрие солзите.
По натпреврот, Сантос го отпушти тренерот Клебер Ксавиер,
Васко му го расипа посебниот ден на Нејмар. Имено, ова беше 250-ти натпревар на 33-годишната ѕвезда за Сантос, клубот каде што ја започна својата кариера. Нејмар постигна три гола на 11 лигашки настапи оваа сезона.
Фото/ Принтскрин