Регион
Црна Гора ги чувствува последиците од војната во Украина – се доведува во прашање сигурен прилив на пари
Црна Гора се соочува со неизвесна иднина откога се обврза да воведе санкции кон Русија по примерот на Европската Унија, која го доведе во прашање некогаш сигурниот прилив на пари од Русија.
Оваа земја долго време беше магнет за суперјахти, туристи и руски шпекуланти на пазарот на недвижности, но сега Црна Гора се најде во неочекувана позиција, пишува „Хина“.
„Секој удар врз економијата може да се покаже фатален за земја со 620.000 жители. Речиси четвртина од економијата отпаѓа на туристичкиот сектор, кој во голема мера се храни од Русија повеќе од една деценија“, рече Даница Казанегра-Греговиќ, извршен директор на „Гуливер Црна Гора“, додавајќи дека Црногорците зависат од Русите.
„На главното шеталиште во Будва почесто се слуша руски отколку црногорски, а има и локали и училишта наменети за руските емигранти, чија заедница брои неколку илјади луѓе“, додава таа. За Греговиќ и многу други, инвазијата на Украина, бргу проследена со западни санкции врз руските финансиски институции и забрана за летови во Европа, предизвика страв од негативни последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави и одрони во Босна и Херцеговина: Потрагата по исчезнатите продолжува
Потрагата по исчезнати лица во поплави и свлечишта продолжи денеска на подрачјето на Бутуровиќ Поље и други места во сливот на реката Неретвица, соопшти утринава Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон на Босна и Херцеговина, пренесува агенцијата Фена.
Според последните податоци за поплави и свлечишта во Коњиќ, Јабланица и Фојница загинале најмалку 22 лица.
Целата тешка механизација во моментов е фокусирана на чистење на локалните патишта. Тие ја пробиваат тињата на патиштата, а во исто време во тек се санации на водоводната, електричната и телефонската мрежа. Лекови, храна, облека, хигиена и сите други неопходни потреби редовно се делат на ранливото население.
Цивилната заштита доцна во вторникот издаде наредба за итна евакуација на загрозените области Коњица и Јабланица. До 03:43 часот евакуирани се 330 лица.
Регион
Зеленски и Вучиќ денеска пристигнуваат во Дубровник, огромни безбедносни мерки
Денеска попладне во Дубровник се одржува самитот Украина – Југоисточна Европа. По тој повод, украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат доаѓа во Хрватска. Заедно со него и хрватскиот премиер беше најавено доаѓањето на претседателот на Црна Гора, претседателот на Косово и премиерите на Северна Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.
Се очекува и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Учесниците на самитот треба да ја прифатат заедничката дубровничка декларација за чиј текст се уште се преговара, но таа да оди по патот на претходните декларации од самитите во Атина и Тирана.
Главните точки на декларацијата, јавува ХРТ, треба да вклучуваат осуда на руската агресија, поддршка за територијалниот интегритет на Украина, вклучително и полуостровот Крим, поддршка за мировниот план на претседателот Зеленски, барање за процесуирање на воените злосторства во Украина, поддршка за европската интеграција на Киев и членството во НАТО кога ќе се стекнат услови за тоа и поддршка за енергетска безбедност и обнова на Украина по завршувањето на војната.
Регион
(Видео) По поплавите, Неретва ја смени бојата
Неретва ја промени бојата во Мостар. Поради обилните дождови и поплави, под Стариот мост повеќе не тече зелената река, туку кафена и матна.
Во Грабовице, пред хидроелектричната брана, се насобрало куп ѓубре.
Само во хидроакумулацијата Грабовице, според проценката, депонираниот отпад е близу 50.000 м3, со континуиран прилив на нови количини.