Македонија
Владата ја усвои Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3
Владата на денешната 33-та тематска седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3, од која се очекува да се утврдат приоритетите за финансирање на владините програми и проекти од овој инструмент за претпристапна помош на Европската Унија.
ИПА 3 Финансиската рамковна спогодба за партнерство (FFPA) која ги уредува односите и ги поставува правилата и принципите за спроведување на ИПА 3 е во фаза на меѓуресорски консултации и се очекува да биде одобрена и ратификувана најдоцна до септември 2022 година.
Според структурата, ИПА 3 е поделена на пет прозорци, и тоа: Владеење на правото, фундаментални прва и демократија; Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација; Зелена агенда и одржлива поврзаност; Конкурентност и инклузивен раст; Територијална и прекугранична соработка, каде се утврдени многубројни тематски приоритети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани
Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска на прес-конференција, Оливер Спасовски, носител на ИЕ2 од СДСМ.
„На 27 април 2017 година се случи напад на Собранието, со план да се убијат пратеници, новинари и стручни служби на Собранието. Насилници коишто беа поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ влегоа да ја остварат оваа цел. Затоа никако не смееме да дозволиме насилниците да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат тие коишто ќе бидат помилувани и на коишто ќе им биде простено за стореното“, рече Спасовски.
„Затоа е многу важно да разбереме сите дека овој десничарски режим во тоа време направи удар врз Уставот, државата и демократијата. Важно е да знаеме дека ваквиот пристап на една политичка партија може да ја сруши демократијата и слободата на граѓани и државата“, изјави тој.
Прес конференцијата се одржа пред Собранието каде беше поставен видео бим на кој се емитуваа снимки од инцидентите во Собранието. Веднаш до видео-бимот беа расфрлани и неколку искршени столчиња и други предмети.
Македонија
Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција
Носителката на листа од коаилициката Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани.
Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.
Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово – Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.
Македонија
Ковачки: 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети
1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, ветува носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Само за Кочани планираме да одвоиме 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат. И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар. Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за проекти, реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја“, изјави Ковачки.